После неколкугодишната сага која кулминираше против Италија кога бевме светски срам, бидејќи тревата не личеше на ништо, нашиот најубав и најголем стадион доби конечни убава трева.
Се работи за хибридна трева, мешавина од вештачка и природна, која треба да има многу поголем животен век, од досегашната, исклучиво природна.
Ова е прво целосно менување во изминативе 11 години, а проектот е донација од ФФМ, преку УЕФА и се проценува дека вреди 400.000 евра.
Македонија и Англија ќе ја сефтосаат вечерва со почеток од 20:45.
Фото: MacedonianFootball.com