Во '80-те, '90-те и почетокот на 2000-те години ова беше убава и редовна пракса:
Натпреварот во Рим го следеле околу 56.000 гледачи.
Италијанскиот La Nazione пишува дека и покрај стандардните навивачки досетки, дофрлувања па и по некоја навреда вообичаена за фудбалски меч, сè поминало во најдобар ред.
Актери на убавата приказна по крајот од мечот се еден македонски навивач и две италијански деца, Луиџи и Пјетро.
Двете деца го следеле мечот близу гостинскиот сектор кај трибината Монте Марио север. Луиџи и Пјетро биле од градот Лукезе а во Рим дошле да го гледаат мечот меѓу Македонија и Италија.
„Луиџи и Пјетро се другари од детство, заедно тренираат фудбал во клубот Атлетико Лука. Патот до Рим на фудбал им беше награда.
Син ми славеше 16-ти роденден и му предложив дали сака тој со семејството на Пјетро да ги носиме на стадионот Олимпико во Рим за мечот Италија - Македонија од квалификации за Европско“, раскажува таткото на Лука, Фаусто Борела, специјалист за производство на маслиново масло во градот Лукезе.
„Во Рим сме и културолошки, убаво е да се гледа фудбал но ако си во Рим исто сакаш и да посетиш музеи и цркви. Ќе правиме културна тура низ градот“, рекол Фаусто.
За случката со македонскиот навивач:
„Бевме на Трибина Монте Марио и изненадно се најдовме до гостинските навивачи од кои нè делеше плексиглас. Гостинските навивачи беа прекрасни, дури и да се збуниш...
На првиот гол на Италија многу Италијанци почнаа да им покажуваат среден прст на Македонците и да ги праќаат дома. После беше 2-0 па 3-0 и вревата се зголемуваше.
После мечот моите деца кои имаа италијанско знаме ме прашаа дали може да се сменат за македонско?
Зборував со еден редар кој културно ми одговори дека може и дека е во ред да отидеме до нив. И така се разменивме со знамињата преку плексигласот.
Македонските навивачи аплаудираа на овој гест на двете дечиња. Дури и редарите аплаудираа“, вели Фаусто.
Какво чувство ви остави овој спонтан гест?
„Видете, во светот има војни, ние за разлика од други народи сме дури и премногу среќни... Што ќе направиш ако син ти навредува гостински навивачи? На македонската химна имаше свирежи од голем дел од стадионот и сфаќаш дека вака не оди“.
Гестот ги израдува Луиџи и Пјетро?
„Да и мене. Се надевам дека ова беше убава лекција за оние кои се однесуваа спротивно. Да ви кажам и нешто друго, понекогаш дури и на терени за игра за најмладите гледаш родители кои... како да ти кажам...“
Голеада на Олимпико, голчиште на Атанасов, висок пораз на Македонија