Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Комити стануваат нови газди на Вардар

Големи историски новости се случуваат во Вардар. Слободан Крстевски аут, Комити ин. Обезбеден е и доста солиден буџет за првата полусезона.

Македонија бележи пад на рангот на ФИФА

По разочарувачките резултати, македонската фудбалска репрезентација очекувано не напредуваше на најновата ранг листа на ФИФА и клизна за три позиции.

Јокиќ и Гордон со ракија во диско во Лас Вегас

Заслужениот одмор на НБА шампионот и МВП-то, од Сомбор продолжува во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавуваат во Лас Вегас со ракија.

Клучниот момент по кој Јокиќ стана број 1 во свет

Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.

Писмо на читател од салата Парк во Струмица

„Моменталната ситуација во кошаркарската сала Парк во Струмица најдобро ќе ја разберете од следните фотографии направени внатре пред тоалетите. Ќе се срушат ѕидовите уште малку ако на некој не му текне дека ова треба да се санира. Зборуваме за основни работи, не за реновирање на спа центри. Спортски поздрав од Струмица“.

15 години од стартот на страшната шпанска доминација

Ако Барса тогаш беше страв и трепет на клупски план, во репрезентативна конкуренција топката не можеше да им се земе на Шпанците, кои на терен делуваа моќно и убедливо со препознатливата пас игра со куси додавања. На 29 јуни 2008-ма во Виена, на финалето против Германија, почна походот кон трите последователни трофеи: ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012. Мечот го реши Фернандо Торес.

Две анегдоти на Капело во Реал кога се мачел да ги вклопи Мијатовиќ, Шукер и Раул

Славниот италијански стратег го водеше Реал две сезони во две различни декади, 1996/1997 и 2006/2007. И во двата наврати ја освои Ла Лига. Но не му било лесно да го склопи коцките со толку различни карактери.

Најдобрите стрелци и асистенти во Премиер лигата, сезона 2001/2002

Анри, Ширер, Бергкамп, Нистелрој, Овен, Гигс, Пирес. Арсенал шампион, во топ 4 Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Куп УЕФА за Лидс и Челси. Сити го нема во прва лига. Погледнете го ова друштво, како и неизвесноста за тронот во нивните индивидуални битки. Некои ликови едноставно остануваат култни.

Чуден тренерски лик

Некаде во Јужна Америка...

Ѓоковиќ пред натпревар игра „Не лути се човече“

И тоа не со децата, туку со членови од стручниот штаб ја игра меѓу кои и Горан Иванишевиќ. Снимката е направена на мастерсот во Рим минатиот месец.

Атракција во режија на Тоти и Пизаро

Во Италија имаше фудбалски собир на ветерани пред полни трибини, а најголемите аплаузи ги собра едно многу добро познато дуо од Рома. 46 годишниот Тоти уште дели топки со очи, а на една од нив чилеанецот Пизаро си поигра со голманот и направи шоу за публиката.

Берлускони ја предвиде иднината на фудбалот уште во 2007-ма

Неколку кратки, ама точни поенти на легендарниот газда на Милан во врска со тоа кој на каде движи во фудбалот. Налетот на Арапите кој не застанува, го гаѓа во целост.

Грузиец се пушти во соло пробив и посрамоти шестмина Холанѓани

Романија и Грузија се домаќини на ЕП за играчи до 21 година. Грузијците во групата А се изборија за четвртфинале заедно со Португалија и со 1:1 ја исфрлија од игра Холандија. Зурико Давиташвили потсетува на еден добро познат негов сонародник од Наполи.

Кога Бобо Виери даде гол на Светско и седна да одмори со Дел Пјеро

26 јуни, 1998-ма, Мундијал во Франција. Легендарниот Виери добива фанстастична топка од Канаваро и дава гол против Норвешка. Селекторот Цезаре Прандели се радува, а Бобо наеднаш седнува со скрстени нозе во друштво на Алекс. 100 пати го прашувале во интервјуа за необичниот начин на прослава, а тој им одговорил вака:

Атракција на Вимблдон уште пред стартот

Најелитниот тениски турнир во светот почнува на 3 јули, ама тоа не значи дека нема што да понуди и сега. Во рамките на квалификациите меѓу Таро Даниел и Марк Труњелти имаше спектакуларна размена на удари со фрлање по земја, по што и двајцата тенисери завршија со симпатични насмевки.

За најголемото тениско трио и нивното височество

Податок за историја, доминација и апсолутна моќ, незабележана во друго време во тенисот.

Јапонецот кој го засили Вардар е автор на најоткачениот седмерец

22 годишниот Косуке Јашихура е првиот јапонскиот ракометар кој ќе заигра за Вардар. Пристигнува како среден бек од Полска, од тимот на Висла Плоцк, а претходно во дресот на Ним ја импресионираше француската публика со начинот на кој се реши да изведе удар од 7 метри.

ПСЖ, Кил и Кјелце доаѓаат во Битола

Еурофарм Пелистер и Чкембари од есен ги чека голем, но и претежок ракометен празник. Извлечена е ждрепката за Лига на шампиони. Групата им е пеколна.

Подемот на еквадорскиот фудбал во 20 секунди

Кога имаш еден Хари Мегваер во тим тоа е разбирливо (веројатно). Ама цврстата одбрана тука ја красат тројца дефанзивци плус голманот. Неприкосновена снаодливост покажаа.

Фејк видео со Меси во Мајами собра 5 милиони прегледи

Пишал дека играат Мајами и Филаделфија и дека на видеото се деби головите на Меси, а ставил снимка од Барса во гостински дресови. Со оглед на бојата која е иста со дресовите на Мајами, веројатно има Американци кои се излажале, како оној јадниот што патувал 2.000 км за да го гледа во живо. Има 5 милиони прегледи за само две недели.

Историја за македонскиот спорт, Кире Лазаров влезе во Куќата на славните на ЕХФ

Европската куќа на ракометот по повод 30 години од своето постоење, ја отвори Куќата на славните во која влегоа 60 големи имиња кои оставија голем траг во ракометот. Меѓу нив и нашата најголема  легенда.

Трема на денот

Првиот пик на драфтот Виктор Вембанјама е висок 226 см и не треба многу да скока за да ја закуца. Младичот поради кој во НБА деновиве владее голема еуфорија, го облече дресот на Сан Антонио, ама првите снимки клубот изгледа ќе ги избрише.

Фудбалери од Премиер лига вртат скара во село Лескоец, охридско

Едниот е Дејан Кулушевски од Тотенхем, другиот Јасин Ајари од Брајтон. Друштвото го собрал Кулушевски кој има потекло од Охрид и кој нашиот бисер за одмор го одбра и летото откако направи трансфер во Јувентус. Од материјалот на Инстрагам може да се забележи дека имале шарена програма како скара, посета на црква, уживање со глисер на езеро, бањање...

Ла Бомбоњера еруптираше во чест на Хуан Роман Рикелме

Еден ден после прошталниот меч за Макси Родригез, се случи уште еден голем аргентински спектакл, овој пат за легендарниот Рикелме. Дуваше свеќи заедно со Меси, бидејќи и двајцата се родени на 24 јуни.