
Хет-трик на мечот постигна центарфорот Елајџа Адебајо кој ја добива наградата за играч на колото. Нигериецот е еден од најинтересните центарфори во Премиер лига сезонава. Има 8 гола од 10 шута во противничкиот гол.
Адебајо има 193 сантиметри а половина од 8 гола му се со глава. До декември им даде гол на Манчестер Сити и Арсенал, па на Челси и сега со Брајтон.
Адебајо е роден во Англија од нигериски родители. На 8 години почнал да тренира фудбал во академијата на Фулам па потоа го селеле по ниски лиги на позајмица каде стекнувал искуство. Додека бил во Волсол го забележале луѓето од Лутон и го купиле. Во првата сезона во англиската силна Чемпионшип втора лига постигнал 16 гола. После тоа паднал во форма и на 12 меча по ред не дал погодок но Лутон и покрај тоа влезе во Премиер лига.
И тука во елитата Елајџа сега ги реализира практично сите шанси.
Уште поинтересно е неговото цело име и презиме: Елајџа Ануолувапо Олуваферанми Олуватоми Олувалана Ајомикулехин Адебајо. Официјалните профили на Лутон често го пишуваат со цело име и презиме.