Раџон Рондов во кариерата најмногу се прослави во Бостон Селтикс, а играше уште и за Далас Маверикс, Сакраменто Кингс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс, ЛА Лејкерс, Атланта Хокс, ЛА Клиперс и Кливленд Кавалирс.
Некогашниот бек шутер бил уапсен минатиот викенд поради тоа што при рутинска контрола на надлежниот полицаец му замирисало на марихуана па решил да го претресе возилото при што пронашол таблети параферналиа и доза марихуана како и пиштол, соопштила полицијата во Индијана.
Рондо во неделата бил изведен пред надлежен судија поради нелегално поседување оружје и друга но бил пуштен привремено со платена кауција.
Тој не смеел да поседува оружје затоа што немал дозвола. Во 2022-ра година Рондо бил обвинет од неговата жена дека ѝ се заканувал со пиштол и таа рекла дека се плаши за нејзината и безбедноста на нејзините деца поради што му била издадена мерка за забрана за гледање на децата и жената.
Раџон Рондо одигра дури 16 сезони в НБА а последно настапуваше за ЛА Лејкерс и Кливленд Кавалирс во сезоната 2021/2022.