Стадиони со прекрасни пејзажи

Фудбалот како универзално најраспространет спорт се игра секаде, од Гренланд во извидувачките мисии преку Австралија и Океанија до Европа и Јужна Америка. Некаде има стадиони со импресивен видик.

1. СТАДИОН „СЕНТРАЛ КОСТ“ (Австралија)

Сонце, океан, палми. Сè тоа може да се види од трибините на домашниот стадион на фудбалскиот клуб „Сентрал Кост Маринерс“ кој собира 20.000 гледачи.

2. "ESTÁDIO DO RESTELO" (Лисабон)

Лисабон е дом не само на двата гиганти Бенфика и Спортинг кои имаат прекрасни арени, туку и на Белененшеш. Овој португалски клуб игра на неверојатно убав стадион со поглед на реката Тежа и познатиот митски мост Понте де Абрил.

3. АЛФХАЈМ СТАДИОН (ТРОМЗО, НОРВЕШКА)

Крајниот север на Европа има симпатичен клуб кој игра на прекрасен стадион. Изграден е во 1987-ма, реновиран неколку пати. Собира. 7.500 гледачи. Прекраснотии.

4. BRANN STADION (БЕРГЕН, НОРВЕШКА)

Стадионот на норвешкиот клуб Бран е отворен во 1919-та година но е реновиран дури три пати и модернизиран во 1930-та, 1960-та и 1997-ма. Има капацитет од 18.500 седечки места.

5. СТАДИОН „ГРИГОРИС ЛАМБРАКИС“ (АТИНА)

Во центарот на Атина се наоѓа стадионот на еден од бројните атински клубови, Калитеа. Не многу познат клуб како другите атински гиганти, но стадион можеби најубав во цела Грција.

6. RHEINPARKSTADION (ЛИХТЕНШТАЈН)

Подно Алпите во Лихтенштајн се наоѓа Рејнпаркштадион, домот на ФК Вадуц кој игра во швајцарскиот фудбалски систем и кој важи за стадион со еден од најубавите погледи во Европа.

7.ESTADIO BBVA BANCOMER (МЕКСИКО)

Навивачите на Монтереј ја имаат таа среќа да уживаат во прекрасен поглед кога нивниот тим ги игра домашните натпревари. Убавина.

8. КАНТРИДА (РИЈЕКА)

Стадионот на лидерот во хрватската ХНЛ кој игра за нова титула во домашното првенство важи за стадион со најубав видик во регионалниот фудбал.

31 јануари 2024 - 10:25