Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Каква фора им продал Меси од слободен удар

Тренерот на екипата на Далас во американската МЛС лига, Нико Естевез изјавил дека кога Меси изведува слободен удар тоа е како било кој друг играч да изведува пенал. На последниот меч меѓу Далас и Интер Мајами, тимот на Лионел губеше 4-2 и во последните минути постигна два гола за 4-4. Лео израмни со прекрасен гол од слободен удар. Ама сега се појави видео каква фора им продал додека судијата го местел живиот ѕид.

Пенал кој ќе ти го направи денот

Синоќа покрај дуели од квалификации за Лига на шампиони се играа и натпревари од раната почетна фаза на англискиот Лига Куп. На мечот Акрингтон - Брадфорд Сити кој завршил 1-1, гостите славеле на пенали 1-4. Еден од ударите во изведба на Кореде Адедојин ќе биде најкомичен сезонава сигурно.

Долг тениски поен донесе чудна дебата на сред терен

Милош Раониќ, познатиот канадски тенисер со потекло од регионов, на времето беше меѓу топ 10 на светот. Играше многу Гренд слемови и познати турнири. Потоа паузираше две години и сега се врати на терените откако добил покана за настап на Мастерсот во Торонто. А таму го снашла чудна епизода.

Луда тројка на Дончиќ од 11-12 метри

34 поени, 13 скока и 14 асистенции содржи новиот трипл дабл на Лука Дончиќ на подготвителниот меч пред Светското кој Словенија го доби против Црна Гора со 104:100. Погледнете ја оваа негова самодоверба и дрскост.

Дефанзивец на Бачка Топола одбрани нешто што голманот на можеше со раце

Брага го доби српскиот претставник во третото квалификациско коло од ЛШ со 3:0, кој ако не успее да направи чудо на реваншот ќе игра групна фаза во Конференциска лига. Капитенот на Бачка Топола, Немања Петровиќ во еден момент без раце беше подобар од голманот.

Бајката од Фарски Острови продолжува - Клаксвик го победи и норвешкиот шампион

Она што потајно го посакуваа сите љубители на романтичниот фудбал далеку од милијардите на шеиците, нафтните магнати и олигарси, се оствари. Клаксвик, малото клупче од Фарски Острови урна уште еден многу поголем фаворит.

Не е лошо да го наградите мајсторот на голов

Англичаните почнаа со фудбал со натпреварите од Карабао Купот во кој се играа натпреварите од првото коло. Свонси го елиминираше Нортемптон со 3:0. 26 годишниот Џош Гинели веќе го има голот на сезоната.

Како изгледа тоа огнена улица?

За јужноамериканците фудбалот е пред сè и над сè. Се играше реванш осминафиналето од Копа Либертадорес меѓу Интернационал и Ривер Плејт во Порто Алегре на кое поминаа домаќините на пенали. Уште од минатиот месец бразилските навивачи собирале пари за да ја направат својата традиционална „огнена улица“ и да го направат овој страшно добар амбиент пред стартот на мечот.

Манчестер Јунајтед со влог од 1,3 милијарди евра освоил 7 трофеи, Реал со 250 милиони стигнал до 22

Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.

Франсис Нгану - најсилниот удар на свет, јак 96 коњски сили

Франсис Нгану, фамозниот УФЦ борец го има најсилниот удар во светот на боречките спортови. Иако тој веќе три години никој не победил со нокаут, сепак рекордот го држи околу шест години. Не му го урнал ниту најсилниот удирач на светот во 2017-та.

По итна постапка сменети 7 полициски началници во Атина

Надлежен министер на вонредна прес-конференција по убиството на 29-годишен Грк во жестоките нереди во Атина кои ги предизвикаа хрватски хулигани од Загреб, изјавил дека по итна постапка се сменети 7 началници на полициски станици во неколку области. 

Од кај ги вадите бе овие лобови со ефе?

За да сфатите колку сила и моќ има во голчиштево постигнато во Парагвај, погледнете гo од сите агли, посебно од последниот за да му ја видите слегнувачката патека. Страшно нешто. Инаку мајсторот е Матијас Алмеида, роден 2005, кој нема никаква поврзаност со славниот Матијас Алмеида кој го води АЕК од Атина.

Сонот на Антетокумпо како мал

Како млад во Атина каде е роден со неговите браќа од кои постариот Танасис Атетокумпо прв играл сериозна кошарка, Јанис одел во салата и помагал со чистење на паркетот. Во една прилика го прашуваат за што сонува?

Македонија ги доби противниците за евроквалификациите во кошарка

На ждрепката во Минхен, македонската кошаркарска репрезентација доби познати противници и се најде во квалификациската група Х.

Ѓоковиќ кај Владо Георгиев во свадбарско расположение

Новак Ѓоковиќ и посебно Никола Јокиќ се пример за тоа како се живее на лето после напорна сезона. Истура дожд, а тој е на нозе и мавта со јакната.

Одложен мечот во Атина по дивеење на хрватски хулигани

По големите нереди пред самиот стадион „ОПАП Арена“ во Атина каде хрватски навивачи направиле тотален хаос при што загинал 29-годишен Грк, мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб е одложен од УЕФА. Грците бараат драконски казни.

Само Хари може да го разбере додавањево на Американецов

Ако летово не сте виделе брзопотезен пресврт во рок од само 1 минута, тогаш погледнете ги случувањата на дуелот меѓу Хјустон и Шарлот, каде од 1:0 наеднаш резултатот се претвори во 1:2. Стоперот ја врати на памет.

Атина во шок по хулиганските нереди

Грчката и регионална јавност утрово се разбуди во шок по веста за убиство на 29-годишник од Атина каде синоќа околу 200 здружени навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос упаднале кај стадионот на АЕК со кого хрватскиот шампион игра квалификации за Лига на шампиони.

Крвава грчко хрватска пресметка во Атина, има и жртва

Еден убиен и 96 уапсени навивачи е билансот од жестоките судири меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во пресрет на дуелот од ЛШ на кој беше донесена забрана за гостински навивачи.

Не си на таа клупа

На отворањето на сезоната во англиски Чемпионшип, Милвол со 0-1 на гости го совлада Мидлзборо. Интересен момент од мечот бил кога гостинскиот играч Данкан Вотмор кој до скоро играл за Мидлзборо, откако бил изваден од игра, несвесно тргнал кон клупата на своите некогашни соиграчи. Се смееа и двете клупи.

Луд гол на Жињак - на 37 години решета со ножички

На мечот меѓу мексиканскиот Тигрес УАНЛ и Ванкувер Вајткапс, домашниот фудбалер, ветеранот Пјер-Андре Жињак постигнал чудесен гол со „ножички“ и го израмнил резултатот на 1-1 во 52’ минута. Натпреварот после прродолженија отишол на пенали каде Мексиканците победиле 5-3 и одат во 1/8 финале каде би можел да им падне Интер Мајами на Меси.

Нова мајсторија на Хари Мегваер

Веќе и врапците на гранки се прашуваат до кога управата и стручниот штаб на Манчестер Јунајтед ќе го држат најголемото дрво во одбраната, човек кој е виновен за еден куп голови, шанси, полу-шанси на ривалите. Синоќа Ман. Јунајтед одигра пријателска со Атлетик Билбао и ремизираше 1:1.

Звукот на пречката

Не мал број големи мајстори на фудбалот знаеле да изјават дека понекогаш звукот на пречката или стативата после страшен шут од далечина им бил поатрактивен и од самиот постигнат гол. Конор Чаплин ја имаше таа чест на мечот Сандерленд - Ипсвич Таун (1:2) на стартот на англиски Чемпионшип.