Лидерот на Нагетс имаше 14 поени (5/9 од игра) со 14 скока и 11 асистенции а одличната партија ја заокружи и со три одземени топки.
Ова е 19-ти трипл-дабл сезонава за Јокиќ а синоќа го оствари после три четвртини на паркетот. Најефикасен на мечот беше Џамал Мареј со 32 поени а дека е во одлична форма потврди и Арон Гордон со 17 поени.
Jamal Murray couldn't miss tonight, shooting 13-15 from the field and dropping 32 points in the Nuggets W 🔥🔥 pic.twitter.com/ZKSSzSOdiI
— NBA (@NBA) February 29, 2024
Кај Кингси Киган Мареј броеше до 21 поен, Дуарте постигна 18 поени а Монк 14.
Интересно на спротивната страна Јокиќ го имаше одличниот Домантас Сабонис (син на легендарниот Арвидас). Литванецот сезонава има дури 21 трипл-дабл учиноци и е прв по овој параметар, но синоќа имаше „само“ 13 поени со 10 скока и 7 асистенции затоа што против себе го имаше големиот Јокиќ.
Нагетс на старт на втората четвртина губеа со 15 поени разлика (47-32) но во следните 18 минути направија брутално жестока серија 68:22 и имаа предност од +32 поени.
Ова беше 124-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ во НБА кариерата до кој стигна со асистенција до соиграчот Колдвел-Поуп на минута и четиринаесет секунди до крајот на третиот период.
Nikola Jokic over his last 4 games since the All-Star break has totaled:
— Joel Rush (@JoelRushNBA) February 29, 2024
96 points
64 rebounds
56 assists
That's a 24/16/14 average, with a triple-double in every game.
He becomes the 4th player in NBA history to get 4 straight triple-doubles at least 4 times.#Nuggets pic.twitter.com/GCqBVszTSn
Шампионот игра во сјајна форма после Ол-Стар паузата. Сега се на само две победи од Минесота Тимбервулвс, а една од Оклахома Сити Тандер која има и средба помалку.