Чуден гол во Црна Гора, се крева голема врема за местенка

Во црногорската прва лига се одиграа 22 кола а за титулата се борат Дечиќ кој е прв со 42 бода, Будуќност Подгорица која е втора со 40 бода и Морнар на трето место кој е трет со 34 бода. Но големи сомнежи предизвика мечот меѓу Младост и Дечиќ кој завршил 0:3 затоа што првиот гол на гостите паднал после евидентна ескиважа од домашниот стопер Звонко Цеклиќ.

Веќе биле алармирани луѓето од фудбалскиот сојуз на Црна Гора а ништо чудно случај да отвори и УЕФА која нема милост за наместени натпревари и драконски ги казнува учесниците во истите.

Интересно, тренерот на домашниот тим Радислав Драгиќевиќ се решил на полувреме да го извади виновникот за првиот гол Цеклиќ. Овој 24-годишен фудбалер сега се соочува со истрага после сомнежи за местење на резултатот.

Цеклиќ во Младост игра како позајмен играч од Будуќност Подгорица која се бори за титула со Дечич кој е прв. Претходно стоперот играл за Зета, Братство, Бокељ, Туран од Казахстан и словачки Михаловце.

29 февруари 2024 - 11:25