Осимен прво им ја скина мрежата па им ја крпеше

Просто никому не му беше јасно како е можно шампионот Наполи од толку доминантна сезона лани, оваа да игра крајно очајно. Се мачеа со тренерот Руди Гарсија, уште послаби беа со неговата замена Валтер Мацари, а конечно како да ги подоправи новиот тренер Франческо Калцона, инаку селектор на Словачка.

Наполи синоќа со 1-6 го торпедираше Сасуоло на гости и конечно го испука целиот рафал што со месеци го чуваше. Конечно блеснаа Виктор Осимен со хет-трик и Хвича Кварацкхелија со два гола.

Нигериецот во еден момент дури и помогна да се закрпи мрежата на еден од головите.

 

 

29 февруари 2024 - 10:45