Offside

Кошаркарите на Работнички ја продолжија сјајната серија со 7-ма победа на 7 натпревари откако синоќа убедливо го совладаа актуелниот шампион и најголем ривал МЗТ Скопје на негов терен 60-74. Трибините во СЦ „Јане Сандански“ беа солидно исполнети како што и му доликува на ова градско дерби со богата традиција.

Наполи спектакуларно одбележа 100-годишнина

Италијанскиот гигант прослави 100-годишнина од своето основање. Во градот Неапол имало разни манифестации по тој повод а централниот настан бил на Лунгомаре (брегот на морето) каде имало спектакл.

Голман на Бирмингем се прослави против Барселона

На пријателски натпревар на „Сент Ендрјус“ во Бирмингем, домашниот тим пред преполни трибини одигра 2-2 против Барселона па славеше на пенали 4-3. Гостите дојдоа во целосно втор и трет состав без најголемите ѕвезди кои уште одмораат после Светското првенство.  22-годишниот голман на Бирмингем Џејмс Бидл беше играч на натпреварот со три чудесни одбрани во финишот од мечот и со дури 3 одбранети пенали во пенал серијата.

Судија кога вика играј, играј

Мерседес - Естреља дел Сур 1:1, во аргентинска четврта лига.

Во страшна лавина на Броуд Пук исчезнат најпознатиот светски хималаист Нирмал Пурџа

Четири тела биле пронајдени, а само две идентификувани од вкупно 10 исчезнати во страшната лавина која го погодила Броуд Пик на планинскиот масив Каракорум во Пакистан. Инцидентот се случил напладне во четвртокот а спасувачката операција била прекината поради страшни временски услови.

Фудбалер без една рака даде важен гол во Конференциска лига

Словенечки Копер испадна од Конференциска лига од Рунавик од Фарски Острови откако дома изгуби 1-3 па поради вкупен резултат 3-3 се играа пенали на кои славеа гостите 3-4. Во 70' минута од натпреварот Мариус Кригер Линд постигна важен погодок за гостите од Фарски острови кои одат во 3. квалификациско коло.

Литванија не памети такво фудбалско чудо

Грузискиот Динамо Тбилиси на првиот дуел од 2. квалификациско коло за Конференциска лига со 3-0 го совлада литвански Жалгирис. Реваншот во Каунас требаше да биде рутина и Грузијците да одат понатаму лесно. Но домашниот тим направи чудесен пресврт за тотален делириум на стадионот.

Барселона веќе го има наследникот на Јамал?

Запамтете го Хуго Галдеано. 12 годишник од Ла Масија кој игра за Барселона У-12. Детево игра во средина, ама дроби и напред, па и позади. И тоа постари од него. Опасен е.

Прошталниот натпревар на Барези

Со слоганот „6 per sempre" и пред 50.000 луѓе, Франко Барези го одигра последниот фудбалски танц на 28 октомври 1997-ма. За Милан настапија тешкаши како Тасоти, Донадони, Баџо, Веа, Десаи, Давидс, холандското трио Рајкард, Ван Бастен, Гулит, против Ол Стар тимот со Бергоми, Јеро, Редондо, Ромарио, Зико...GOAT на фудбалот вели коментаторот меѓу кои има пет Златни топки, плус Матеус како шести кој не дошол поради повреда.

На Олисе не му е лошо

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе и член на Баерн Минхен, во доста фино летно постмундијалско издание.

Каква чест - клупски економ на германски четвртолигаш заигра против Баерн Минхен

Не секој ден се пружа прилика некој да ги види големите шампионски ѕвезди на Баерн Минхен, а камоли да заигра против нив. Тоа му се случило на 50-годишниот Лукас Пецолд. И тоа од улога на полицаец во градот Бад Толц кој во клубот е од 2002-ра што како играч, што како клупски економ задолжен за опремата, дресовите, редот во соблекувалните.

Големиот Франко Барези замина во вечноста - неговиот број беше повлечен во Милан

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Шпанија има свој Вембанјама, веќе му дадоа државјанство на чудото од Африка

Мохамед Дабоне е роден 21-ви октомври 2011-та година во Буркина Фасо. Уште нема ниту 15 години а веќе е главна тема на муабет во европските кошаркарски кругови. Тој е висок 210 сантиметри и неколку години е феномен на европската кошарка. Дабоне веќе игра со пет, шест, седум години постари играчи а наскоро ќе заигра и во првиот тим.

Ја имаме најјаката „зига зага“ на годината?

Навивачите на Копенхаген облекоа сите до еден мантили и создадоа неверојатна фудбалска атмосфера што траеше цели 90 минути. Што ти е организирана банда.

Каков играч беше Ривалдо

Бразилскиот ас беше лидер на Барселона во своите најдобри денови од кариерата. Со најдобриот состав на кариоките во последните неколку децении го освои последниот пехар од Светско првенство за Бразил, во 2002-ра година во Јужна Кореја и Јапонија. Многу генерации се вљубија во Барса поради него.

Ламин, ти за Американците си или за Русите?

Снимка од Јамал на 15 години како во соблекувалната на Мароко, ја слави победата против Шпанија на СП 2022. Четири години подоцна стана светски првак со Шпанија. Јамал по татко е Мароканец и за Мароко има изјавено дека ја смета „за негова земја“, но на крајот одлучи да игра за Шпанија, каде е роден.

Реал на духовит начин го претстави Думфрис

Триесет годишниот десен бек важи за права машина по десната страна каде неуморно шпарта напред-назад. Холанѓанецот Дензел Думфрис од летово е нов член на Реал Мадрид. Еве како го претставија а-про-по муабетов.

За регуларноста на романскиот фудбал

13 од 16 клубови се спонзорирани од кладилници во Романската Прва лига во сезоната 2026/2027. Толку е веста.

Испаднавте во 4-та лига? Нема проблем и на тренинг ќе ви дојдеме

Минхен 1860 беше исфрлен во четврта лига, откако не успеа да обезбеди лиценца за третата лига поради финансиски дефицит од 2,7 милиони евра и проблеми со ликвидноста. Ништо од тоа не се менува во поддршката на навивачите. Ова е атмосферата од последниот тренинг пред стартот на сезоната.

Уште ова го немавме видено за време на интонирање химна

Мобилен телефон ја прекина националната химна пред натпреварот Брагантино - Сантос во Бразил во женска конкуренција. Циркузи.

Австралиец стана најбрзиот белец на планетата

Лаклан Кенеди испиша историја откако на 22 години истрча 9,85 метри на 100 метри, постави нов национален рекорд и стана најбрзиот спринтер белец во историјата. Австралиецот со овој резултат го освои сребрениот медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов. Претходниот рекорд го држеше Американецот Сем Блашковски со време од 9,89 секунди.

Прослава на вечерта

Данскиот шампион Орхус направи чудо откако после поразот дома 1-4 од Лех Познањ минатата недела, синоќа славеше со ист резултат 1-4 после продолженијата и на пенали се пласираше во 3. квалификациско коло од Лига на шампиони. Околу 2.000 дански навивачи во транс славеа со играчите.

Кошкањата по дома меѓу Роналдо и син му

Роналдо јуниор: Мбапе е подобар од тебе. Роналдо: Ама јас имам дадено повеќе голови од него. Плус промаши пенал. Роналдо јуниор: Ама и ти промаши еднаш.

Орангутан му ги гледаше плочките на Кварезма

Видеово е толку интересно од многу агли. Еден симпатичен орангутан не може да му се изначуди на ветеранот Рикардо Кварезма (42) на неговите силни плочки на стомачните мускули.

Херојот на Зеленортските острови во промоција на Спајдермен

Возиња почна да профитира од новостекнатата слава на Мундијалот. Додека неговата промоција во Коло Коло е заглавена поради административни причиња, тој се појави во нова промоција, онаа на новиот филм за Спајдермен: Сосема нов ден. На Инстаграм, Возиња ги охрабри своите 29,6 милиони следбеници да го гледаат филмот, во споредба со под 50.000 кои ги имаше пред Светското првенство.