Четириесет и три годишниот Непалец Нирмал Пурџа, роден во селото Мијагди на 1.600 метри надморска висина важеше за најпознатиот и најценет хималаист.
Тој се прослави откако во 2019-та година ги качи 14-ти највисоки врвови на светот над 8.000 метри за рекордни 189 дена, подвиг кој беше прикажан и во документарен филм на Нетфликс и беше апсолутен рекорд за ретките кои успеале во овој подвиг да ги качат сите 14 „осумилјадарки“.
Податоците од тракерите на алпинистите кои тргнале кон Броуд Пик (8.047 мнв) покажале брзо спуштање надолу, при што веројатно западнале во лавината. Тракерот на Нирмал Пурџа забележал движење и брзо спуштање. Податоци за состојбата и дали е жив во моментов нема.
Во групата имало алпинисти од Непал, САД, Пакистан, Оман и Кина а сите овие земји веќе понудија или пратија помош во Пакистан.
THE MISSION SHIFTS. THE COMPASS HOLDS.
— Nirmal Purja MBE (@nimsdai) July 27, 2026
This was never the plan. Initially, the plan was to climb just G2. But just before setting off for Pakistan, I ran the numbers on my 8000m summits. That’s when it hit me: if I tick off Broad Peak whilst I’m here , only one remains “Cho… pic.twitter.com/rovJzFcazP
10-те исчезнати члена биле на 6.600 метри надморска висина во моментот кога ги однела страшна лавина.
Нирмал Пурџа првично не планирал да го качува Броуд Пик како што напишал на мрежата Х.
„Првично, планот беше да се искачи само Г2. Ова не беше планирано. Но можностите не врескаат, тие шепотат на оние кои веќе работат во тишина.
Но точно пред да заминам за Пакистан, направив одново пресметка на искачувањата на осумилјадарки. И тогаш ми дојде помислата: „Ако го поминам Броуд Пик додека сум тука, ќе ми остане само еден - Чо Оло. Тогаш ќе станам ПРВИОТ човек во историјата кој ги искачил сите 14 осумилјадарки два пати. Без кислород....“
Броуд Пик, не барам ништо друго освен сигурно качување и симнување надолу. Ниту една планина не ја земам здраво за готово““, напишал Пурџа за намерите да се качи на Гашербрум II, уште еден врв сместен на планинскиот масив Каракорам.
Досега спасителите откриле тела на четири души од експедицијата и објавени се нивните имиња: Пур Бахадур Гурунг од Непал, алпинистката Надира Алхарти од Оман по која се наречени некои врвови и е прва претставничка од оваа азиска земја која што го качила Монт Еверест.
Пакистанскиот алпинистички клуб подоцна објавил дека е пронајдена и ампутирана рака како и ранецот и часовникот Гармин на уште еден член на експедицијата. Телата на двете жртви се идентификувани во Скарду.
Операцијата била прекината во текот на денот поради жестоки временски услови.
Спасувачките служби соопштиле и дека со дрон ги виделе телата на останатите исчезнати при големиот инцидент.