Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Душко Вујошевиќ се раплака во емисија: „Отиде најдобриот што сум го тренирал“

По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.

Развојот и пресвртницата на Јокиќ со помош на Милојевиќ

Велат дека да не постоел Дејан Милојевиќ, Никола Јокиќ немаше да биде тоа што е денес. Беше познат како еден од ретките тренери од Европа кој имаше привилегија да работи во НБА, каде прати дури 11 играчи на драфтот.

Сите натпревари во НБА започнаа со минута молк за Деки

Познатиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ (47) почина а таа вест ја потресе кошаркарската заедница како во НБА така и во регионов.

Како модерниот фудбал го прегази Мурињо?

Сè уште е генијалец кога е во прашање подготовката за неговиот следен противник и сè уште е неверојатно харизматичен лик. Но сега тој е осуден на споредни улоги.

Веселин Вујовиќ околу тоа што е по националност

Прославениот ракометен стручњак кој имаше и одлична играчка кариера, а беше селектор на речиси сите репрезентации и повеќето поголеми клубови од регионов, вели дека ни сам не знае да одговори на некои прашања ама знае кои се битните прашања во животот.

Мала неприлика за Ѓоковиќ: „Дојди и симни се ако смееш“

Новак Ѓоковиќ денес во Мелбурн во 2. коло од АО играше против домашниот тенисер Алексеј Попирин па повеќето присутни на „Род Лејвер Арена“ навиваа за него. Новак трпеше и разни урлици од трибините, еден навивач постојано го провоцирал и му дофрлал, а во петтиот гем од четвртиот сет не можеше да издржи па му возврати: „Дојди симни се па кажи ми во лице ако смееш“.

Како Шпанија и Србија беа елиминирани во финишот?

И покрај тоа што ова беше само загревање пред главните битки, првата групна фаза на ЕП во Германија донесе доста неизвесен и возбудлив ракомет. Покрај драматичната завршница и победата на Македонија, вреди да се погледне крајот уште на две средби.

Што му шепна Ембид на Јокиќ?

Џоел Ембид, како МВП во регуларниот дел од сезоната, ја доби пресметката против Никола Јокиќ кој беше прогласен за МВП на финалната серија, откако Филаделфија славеше против Денвер со 126:121. Ембид после мечот му кажал на Јокиќ дека е најдобриот играч во лигата.

Сте виделе ли вие гол со шрауба вреден титула?

Паралелно со Европското ракометно првенство, во Дубровник се одигра Европско во ватерполо кое заврши на спектакуларен начин. Алваро Гранадос во последната минута од финалето и донесе злато на Шпанија со маестрален погодок и тоа против домаќинот Хрватска.

Што ја чека сега ракометна Македонија?

Македонската ракометна селекција забележа убава победа за крај на Евро 2024. Триумфот против Швајцарија во последното коло од групната фаза е важен од неколку причини.

Убавината на баскиското дерби

Во осминафинале на шпанскиот Кралски Куп Атлетик Билбао со 2-0 го совлада Алавес во баскиското дерби. Стрелец на двата гола беше Асиер Виљалибре а пред мечот навивачи на двата тима свиреа на традиционалниот стар баскиски инструмент Чалапарта.

Сите голови на Марко Митев, најсветлата точка на ракометна Македонија

На минатото Европско дебитираше против светскиот првак Данска и веднаш покажа дека има материјал во него. Две години подоцна, на само 20 години, веќе се истакнува како една од главните алки во играта на нашиот национален тим.

Двата еврогола на Душан Влаховиќ кои го држат Јуве во борба за скудето

Во последниот меч од 20. коло од Серија А, Јувентус со 3-0 го разби Сасуоло и ја продолжи неизвесната трка со Интер за првото место. Јуве носен од Душан Влаховиќ кој постигна два феноменални гола и еден на неговиот компањон Кјеза, ја забележа 15. победа во сезоната и има 49 бода, два помалку од лидерот Интер.

Трет меч, трет цепелин на Македонија

Цепелинот е заштитен белег на македонската ракометна репрезентација веќе со години. По оние два против Франција и Германија, нашите ракометари изрежираа цепелин и против Швајцарија. Го реализираше Филип Талески кој ја врати предноста на +5.

Последните 75 секунди од драмата во Берлин

Неизвесноста во второто полувреме кое ја направија Швајцарците после негатива од 5 гола, ни го крена адреналинот како во старите добри времиња. Но при нерешен резултат, на нешто повеќе од една минута, финишот беше каков што можевме само да посакаме. Гол на Јагуриновски за водство, одбрана на Томовски која им ја фати жива, инструкции на Кире и уште еден гол на Митев за точка на мечот. Машки одиграно дечки.

Победа на Македонија за крај на Европското

Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Швајцарија 29-27 (13-9) и со победа го завршија Европското првенство во Германија. Овој триумф е важен и за баражот за Светско првенство 2025.

Австралија Опен го корегираше гафот со македонското знаме

Забраната за вадење македонско знаме на Гренд слем турнирот во Мелбурн е веднаш повлечена.

Новата млада ѕвезда на Купот на Африкански нации

Фаворитот за злато на штотуку започнатиот Куп на Африкански нации, Сенегал успешно го отвори турнирот и со 3:0 ја совлада Гамбија. Два гола на мечот постигна новата ѕвезда на Африка, 20-годишниот Ламин Дијара од кој едниот беше прекрасен погодок. Дијара лани играл на Африкански Куп за играчи од домашните првенства и таму блеснал после што потпишал за француски Мец.

Македонија е убедливо прва на ЕП по број на загубени топки

Со почеток од 18 часот, македонската ракометна репрезентација против Швајцарија го игра третиот и последен меч на тешката европска авантура во Германија. Статистиката вели дека мора да се игра со поголема концентрација и претпазливост.

Анри ја мајтапеше водителката која навива за Тотенхем

Меси не се појави на доделувањето на наградите на ФИФА, а ниту пак Халанд и Мбапе кои завршија во топ 3. Тиери Анри, кој е надарен за комичар, рече дека има две причини за да ја земе наградата на Меси. Прво затоа што никогаш не ја освоил и второ затоа што водителката навива за клуб кој не е навикнат на трофеи.

Се огласи и Мурињо

Американскиот милијардер Дан Фридкин и неговиот син Рајан Фридкин одлучиле да го отпуштат тренерот на Рома Жозе Мурињо поради очајните резултати на екипата сезонава. Ова е четврти отказ за Жозе кој беше отпуштан од Тотенхем (2021), Ман. Јунајтед (2018) и Челси (2015). Португалецот ги водеше Римјаните на 138 средби и забележа 68 победи, 30 нерешени и 40 порази.

Анри го праша Пеп кој е појак, Барселона 2009 или Манчестер Сити 2023?

Пеп Гвардиола го доби признанието за тренер на годината во изборот на ФИФА, а потоа остана на бината додека се читаше најдобриот тим за 2023-та. Во него беа избрани шест играчи на Манчестер Сити, што е најголем број после тројната круна на неговата Барселона во 2009-та. Анри му постави прашање на кое беше многу тешко да се одговори, а Пеп ги изнасмеа сите со првичната реакција.

Благотиншек да ви покаже како се прави жртва за репрезентација

Словенија покажа заби во првата групна фаза и ја комплетираше со 3 од 3 против Фарски Острови, Полска и Норвешка. Погледнете ја оваа пожртвуваност на Блаж Благотиншек, кој се фрли на паркетот и го исфрустрира голманот кој мораше да интервенира побрзо.

Се разделија Жозе Мурињо и Рома, толку од приказната

Рома се огласи на официјалниот сајт со соопштение во кое наведува дека го отпушта трофејниот светски стручњак Жозе Мурињо кој има преслаби резултати сезонава а екипата практично и да не игра ништо.