Во последниве неколку децении во ски-скоковите Словенија секогаш имала некој натпреварувач при самиот врв. Синоним и симбол на овој спорт во оваа земја е семејството Превц кое на Словенците им донесе толку многу радости.
Сега дојде време најстариот од браќата, Петер Превц да се повлече од овој спорт. Ќе се пензионира од ски-скоковите на легендарната скокалница во Планица.
Во својата богата кариера, Петер Превц (31) имал дури 343 скока, 61 подиум, 23 победи, 1 освен Светски куп (злато во 2016), 1 освоен турнир Четири скокалници (злато во 2016), 3 пати беше Светски шампион во ски-летови (2014, 2015, 2016), 1 стана олимписки шампион (освоено злато во микс во Пекинг 2022), 2 пати освои олимписко сребро, 1 олимписка бронза а личниот рекорд му е скок од 250 метри во 2015-та во Викерсунд.
За недела е закажан последниот скок на Превц кој низ квалификациите успеа да обезбеди учество на последните ски-скокови сезонава.
На последниот квалификациски циклус победи Јапонецот Ријоу Кобајаши со скок од 230 метри, втор беше Пјотр Жиле со 241 метар а трет Даниел Хубер.
Петер Превц заврши десети и викендов ќе ја заврши својата кариера. За многу Словенци ова ќе биде емотивно збогум со најдобриот нивен спортист на сите времиња. Превц последните два настапи ќе ги им во сабота од 15:30 и во недела од 9:30 за кога се закажани тимските скокови.
За последните скокови и опростувањето на Петер Превц од ски-скоковите организаторите во Словенија подготвуваат пригодна манифестација, а околу 500 гледачи ќе добијат словенечки знамиња и други навивачки обележја.