Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Малериште на колото за 9 милиони денари или 150.000 евра

Прилепчанец уплатил четири тикети со 31, 24, 20 и 17 утакмици, со вкупна уплата од 460 денари. На сите четири го бутка фаворитот Порто кој одигра 1:1 против Арука, а тој го типувал кец. Каков тежок малерај.

Да седиш на свадба или да гледаш фудбал од горе?

Српскиот прволигаш Вождовац го има најнеобичниот стадион во регионов - на кров на голем трговски центар. Буквално додека луѓе си пазарат, пијат кафе или се веселат во ресторан на горниот кат, најгоре се игра прволигашки фудбал пред трибини.

Ќе ви држат лекција навивачите кога сте боси

Повеќекратниот француски шампион и еден од најтрофјените клубови во оваа земја Лион минува низ сериозна криза. Во новата сезона последни се на табела после 4 кола. Имаат 3 порази и 1 нерешена со гол разлика 3:10. Ако ништо не се смени ќе се борат за опстанок сезонава. ПСЖ во неделата за 45 минути им даде 4 гола (Мбапе 2), после што водачот на ултрасите од групата Bad Gones им одржа лекција пред цел стадион.

Нова интервенција на специјалецот кој го чува Меси

Триесет и пет годишниот Меси е главна спортска сензација во САД. По неговото доаѓање на десетина пати повеќе се зголемила продажбата на карти, дресови, тв права, пропратни реквизити по сите стадиони каде што се игра МЛС лига. Големата латино-американска дијаспора го обожува Меси, секој сака дрес или слика со него па затоа Интер Мајами ангажирал специјалец да го чува. Поранешен маринец.

Дрскоста на Немања Радоњиќ во 93-та минута за победа на Торино

Во најјаките голови ова коло во Италија, дефинитивно влегува соло мајсторијата на Радоњиќ, кој сам, на најдрзок можен начин ја направи попара Џенова. Прво одлично ја прими, па го изеде својот чувар, за да на крај да му пукне бомба на голманот, кој не ја ни виде топката и падна очајно на земја.

Мирис на марихуана и верверичка на сред тениски меч на УС Опен

Отвореното првенство на САД кое важи за последен Гренд слем во сезоната сезонава нуди сјајни дуели во машка и женска конкуренција. Во саботата на меч во женски двојки имаше интересен настан.

Срамотилаци на колото, на празен гол

Базел и Цирих одиграа 2:2 во 6. коло од швајцарското првенство. Домаќините можеби и ќе победеа, ако Јусуф Демир и Тиерно Бери се договореа кој да ја забие топката во гол. Првиот што клизна, непотребно се излакоми и го направи едно од најголемите промашувања на сезоната.

Туку дали ја приметивте мајсторијата на Луис Алберто?

Во дербито на колото, Лацио го совлада Наполи на најтешкото гостување во Серија А среде Неапол со 1:2. Луис Алберто го отвори резултатот со прекрасен погодок. Наполи израмни после само две минути но првиот Јапонец во историјата на Лацијалите Даичи Камада во 52' минута ги постави конечните 1-2. Елиф Елмас одново не доби шанса од новиот тренер Руди Гарсија.

Меси подаруваше асистенции во негов стил, Алба со нов гол

Фудбалот во САД ќе се смета пред и по доаѓањето на Лионел Меси. Аргентинецот прави шоу на секој меч за Интер Мајами којшто со него, со Жорди Алба и Серхио Бускетс делува непобедливо. Синоќа го совладале Лос Анџелес на гости во Калифорнија. Меси на втор меч по ред не постигна гол но затоа подели две врвни асистенции до Алба и Кампана.

Порто чекаше ВАР за пенал 4 минути и тоа преку мобилен

Повеќе технологија, знае да донесе и повеќе проблеми. На мечот меѓу Порто и Арука рикна ВАР системот, па главниот судија висеше 4 минути на мобилен за да му јават од горе дали има пенал за Порто или не, во ситуација кога губи како домаќин 0:1. Тоа се случуваше во 90-та, па на крај излезе дека немало пенал. Мечот влезе во дури 19 минути продолжение и Порто израмни токму во последната минута.

Барем се виде дека не беше намерно, нели?

И Норвежаните се расипаа. Погледнете го овој дуел, печен за некоја комична компилација. Пет секунди го влечеше и го малтретираше, а овој мртов ладен упорно трчаше без да го отргне со рака. Комедии. Ибра да е, ќе му се сврти со мајагери.

За гол треба упорност, ќе ви покаже Киеза

Јувентус има две гостински победи по три кола во Серија А, а синоќа го совладаа Емполи со 0:2. Федерико Киеза е брз, пргав и многу упорен кога треба да се постигне гол. Цел се даде во акцијава, падна и пак ја заврши како што треба.

Старата литванска школа ги разби САД - имало и некој појак од Америка

И покрај тоа што беа голем фаворит со неколку НБА ѕвезди а од клупа водени од врвни стратези како Стив Кер, Ерик Сполстра и Тајрон Лу, САД денес беа разбиени од Литванија 110:104. Сензација на Светското првенство. Испадна и Шпанија.

Омилена претседателка што ги части навивачите пиво

После шест одиграни кола во австриската лига, Хартберг е на 4. место со 8 освоени бода. Имаат по 2 победи, 2 нерешени и 2 порази. Имаат и супер интересна претседателка на клубот која синоќа пред крајот на мечот со Волфсберг на гости на кој победиле 0:3 им дала паричка на навивачите да се почастат по некое пиво.

Нов гол на Роналдо за јубилеј од рекордни 850 погодоци во кариера

Во 5. коло од првенството на Саудиска Арабија, Ал Наср убедливо славеше со 5:1 против Ал Хазем. Ова е четврти триумф на Ал Наср по ред а претходно клубот од Ријад убедливо ги растури и Ал Шабаб (4:0), Ал Фатех (5:0) и Шабаб Ал-Ахли во азиска Лига шампиони 4:2. Роналдо постави нов рекорд.

Химната на Македонија на бис

Македонија ја збриша Црна Гора убедливо и квалитетно со 3:0, за историски пласман во осминафинале кое ќе го игра во Бари. Капитенот Никола Ѓоргиев ја запеа македонската химна и ја крена цела сала.

Историски одбојкарски подвиг, Македонија е осминафиналист

Не огреа сонце и во спорт кој изненади од сенка. Македонската одбојкарска репрезентација ја преслуша и Црна Гора и за прв пат во историјата ќе игра во осминалната фаза на едно Европско првенство.

Атракција на Бензема со петица, одговор на Митровиќ со страшен волеј и хет-трик

Ал Итихад на Бензема, Канте и Фабињо и Ал Хилал каде се Митровиќ, Милинковиќ и Кулибали, одиграа спектакуларен меч со 7 гола и голем пресврт.

Лудачки бекхенд на Ѓере за кој доби честитки и од Ѓоковиќ

Нов неверојатен кам бек на Новак Ѓоковиќ кој во 3. коло на УС Опен го елиминираше својот сонародник Ласло Ѓере после негатива од 0:2 во сетови. 38-от тенисер во светот го имаше најјакиот поен на мечот за што заслужено беше награден со овации.

Од каде го извади овој чудесен удар Леао?

Во дуел еден на еден, со буткање, на паѓање, со неприродна положба на телото, Рафаел Леао успеа да и даде гол на Рома кој наликуваше на ножички. Претходно стрелаше и Жиру од пенал, а домаќините ги поставија конечните 1:2 со голот на Спинацола во 92-ра минута. Милан има 3 од 3, а во следното коло ќе го игра градското дерби.

Два бомбастични голови на Барди во пресрет на Италија

Блесок на македонскиот репрезентативец во турскиот шампионат со два страшни проектили кои не се бранат. 

Незгодна група за Миовски со противници од Франкфурт и Солун, Ристовски ќе гостува во Косово

По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.

Каква борбеност на дебитантот Летонија, по Франција ја урнаа и Шпанија

Дебитантот кој првпат игра на едно Светско првенство, селекцијата на Летонија го совлада европскиот и светски шампион Шпанија со 74:69 и со една нога обезбеди пласман во следна рунда. Шпанците висат затоа што ги чека моќната Канада и со пораз ќе си ги пакуваат куферите.

Извлечени парови за Лига Европа: Бомбона групи за Ливерпул и Рома

Повремениот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски е регистриран за Лига Европа за ТСЦ Бачка Топола и ќе игра во интересна група на дебито во еврокуп за овој клуб. Ќе има многу занимливи дуели оваа есен во групната фаза на ЛЕ.