Волшебни акции на Австрија и Германија - рекордни голови за само 6 и 7 секунди

Изминативе денови се одиграа неколку силни пријателски дерби средби. Во Париз Германците ја совладаа Франција 0-2, а во Лондон Бразил беше подобар од Англија 0-1. Австријците и Германците постигнаа голови кои влегуваат на листата најбрзи на сите времиња.

РЕКОРДНО НАЈБРЗИ ГОЛОВИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Дваесет годишниот Флоријан Виртц, еден од лидерите на Баер Леверкузен кој јуриша на шампионска титула во Бундеслига, постигна рекордно брз погодок, најбрз во историјата на германската репрезентација, после само седум секунди од стартот на мечот со Франција.

Тони Крос кој се врати во репрезентација на Германија после 998 дена, имаше сјајна асистенција до офанзивата а Виртц го разубави додавањето со прекрасен погодок од далечина:

На стартот на вториот дел од натпреварот напаѓачот на Арсенал Кај Хаверц по сјајни проигрувања на Виртц и Мусиала постигна гол за 0-2 и Германија ја совлада Франција која важеше за голем фаворит на мечот но не покажа практично ништо.

Домаќинот на претстојното Европско првенство три меча по ред немаше победа и овој триумф им дава голем мотив пред турнирот во нивната земја летово.

АВСТРИЈА ИСТАТА ВЕЧЕР ПОСТИГНАЛА ГОЛ ЗА 6 СЕКУНДИ!

Во истата вечер кога Германија постигна гол после само седум секунди по првата судиска свирка, Австрија во Братислава на пријателска против Словачка славела погодок после само шест секунди игра

Криштоф Баумгартнер го шокирал целиот стадион и сите на теренот со погодок кој стана најбрз на сите времиња во светскиот репрезентативен фудбал.

Веднаш по изведувањето Австријците јурнаа кон противничкиот гол и ја пробија словачката одбрана за шест секунди со шут надвор од шеснаесетникот. Чудо е што се случи во иста вечер со голот на Германците за седум секунди.

Голот на 24-годишниот Криштоф Баумгартнер е најбрз на сите времиња за репрезентации. Претходниот рекорд го држел Лукас Подолски за Германија во 2013-та со Еквадор кога дал гол за седум секунди.

Австријците на крајот славеа 0-2 а вториот гол беше дело на Андреас Вајнман во 80’ минута.

КРОС СЕ ВРАТИЛ ПОРАДИ ДЕЦАТА И НАГЕЛСМАН

Лидерот на германската селекција и носител на играта на Реал Мадрид Тони Крос за првпат заигра за репрезнтација после 2021-ва година.

„Селекторот ме побара. Спремен сум и сигурен дека на Европско може многу повеќе отколку што многумјина мислат сега“, рекол Крос во февруари кога потврди дека се враќа во националниот тим.

Германија минуваше низ сериозна криза на резултати и смена на геренација. Не поминаа група на Светско првенство а ужасни резултати бележеа на пријателските после Мундијалот па Ханс-Дитер Флик беше сменет со Јулиан Нагелсман.

Еден од оние кои најмногу го наговарале Крос да прифати да се врати е и неговиот соиграч од Реал Мадрид Антонио Ридигер. Но се чини дека главна мотивација му биле неговите деца кои сакале да го видат во дресот на Германија на домашното Европско.

25 март 2024 - 08:48