Дончиќ направи дар-мар со нов трипл-дабл па даде прогноза за Ф4

Далас Маверикс славеше на тешкото гостување кај Јута Џез 115:105 во „Делта центар“ а тандемот Дончиќ-Ирвинг одигра маестрална партија.

Лука го заврши дуелот со Јута Џез со 29 поени (10/24 од игра, 12 скока и 13 асистенции што е негов нов трипл-дабл, 75-ти во НБА кариерата и сега му фали само уште еден за да го стигне Џејмс Харден на осмото место на вечната листа со трипл-дабл учиноци.

Кајри Ирвинг беше голема поддршка за Дончиќ со 27 поени и пет асистенции а Пи-Џеј Вашингтон додаде 16 поени со четири скока. Токму две погодени тројки од далечина на Вашингтон го решија победникот на мечот.

Кај Јута Џез најефикасен беше нивниот лидер и повратник Лаури Марканен со 34 поени, Џон Колинс постигна 21 поен со 11 скока за дабл-дабл учинок а Колин Секстон додаде 20 поени.

После натпреварот Дончиќ дал и прогноза за завршницата на Евролигата каде некогаш доминираше со Реал Мадрид. Еве кого Лука гледа на Фајнал Фор сезонава: 

26 март 2024 - 09:59