Кам бек на Јокиќ со нова моќна партија и серија на атракции

И покрај тоа што се најавуваше дека ќе го нема на уште една средба поради ситна повреда, сепак Никола Јокиќ го пропушти само мечот против Портланд и се врати за битката против Мемфис. Само 2 асистенции му фалеа за нов трипл дабл, но и без тоа режираше нова компилација на јаки потези.

Денвер го совлада Мемфис со 128:103 со што ја освоија лидерската позиција во Западната конференција.

И покрај повредата и неизвесноста, Јокиќ се врати со 29 поени, 11 скока, 8 асистенции и 3 украдени топки. Учинок кој го оствари во првите три четвртини.

Потоа Мелоун го повлече од игра, веројатно за да го одмори, a Џамал Мареј и Арон Гордон не беа во комбинација поради повреди.

Понатаму не ви кажуваме ништо. Гледајте и уживајте во новата лекција  на српскиот баскетџија.

Топ 3 тазе врвни потези на Јокиќ

 

26 март 2024 - 09:38