Со 16 години и 142 дена Иан Платеу е втор најмлад играч во историјата на шпанската кошарка после Рики Рубио кој го држи апсолутниот рекорд со 14 години и 359 дена.
Тој бил повикан за овој меч како замена за центарот Анте Томиќ кој го пропуштил мечот поради смртта на татко му.
Иан Платеу е роден на 3-ти ноември 2007-ма.
Иан стана најмлад дебитант кој заиграл за Хувентут Бадалона во историјата на овој клуб. Тој го надмина досегашниот најмлад кошаркар кој дебитирал за Хувентуд, Жоан Томас на 16 години и 174 дена.
✅ 𝐷𝑒𝑏𝑢𝑡𝑎𝑟 𝑎𝑚𝑏 𝑒𝑙 𝑝𝑟𝑖𝑚𝑒𝑟 𝑒𝑞𝑢𝑖𝑝 𝑑𝑒 𝑙𝑎 𝑃𝑒𝑛𝑦𝑎
— Club Joventut Badalona (@Penya1930) March 24, 2024
Amb 16 anys i 142 dies, Ian Platteeuw és el segon jugador més jove de la nostra història que debuta al màxim nivell
𝐒𝐨𝐦 𝐞𝐥 𝐛𝐫𝐞𝐬𝐬𝐨𝐥 💚🖤#BadalonaÉsFutur pic.twitter.com/QZd4Cp001c
Платеу е висок 2.10 см и игра центар. Тој минатата година на Европско првенство У-16 во Скопје освоил злато со Шпанија откако во финале ја победиле Италија 77-68. Иан Платеу во финалето постигнал 9 поени со 5 скока и 1 асистенција.