Винисиус се расплака на прес, Чилаверт: „Не биди педер, прв се закачаш“

Во пресрет на пријателската меѓу Шпанија и Бразил вечерва од 21:30 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, пред новинарите синоќа излегол Винисиус. Новинар го прашал за расистичките навреди кои го следат по шпанските стадиони а Бразилецот заплакал.

„Сакам само да играм фудбал но тешко е вака да се оди напред. Сè помалку и помалку сакам да играм. Никогаш не сум размислувал да ја напуштам Шпанија зошто ако ја напуштам ќе им го пружам на расистите тоа што го сакаат.

Ќе останам зошто сакам расистите и натаму да го гледаат мојот лик сè повеќе и повеќе. Играм за Реал Мадрид и ние освојуваме многу титули а тоа не им се допаѓа на многу луѓе“, рекол Винисиус кој заплакал и добил аплауз.

Навивачи на други шпански клубови тврдат дека Винисиус е навредуван од причина што прв ги иритира противничките навивачи и дека ниту еден друг црномурен фудбалер од Реал Мадрид, а ги има повеќе, не бил навредуван како него, па самиот треба да се запраша каде лежи проблемот.

Некои објавија и докази со кои ги поткрепија тврдењата:

Легендарниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт кој е светски рекордер за голман со голем број голови, воглавно од слободни удари и пенали, за пресот на Винисус напишал: „Леб и игри, прв ги навредува и напаѓа ривалите. Не биди педер, фудбал е за мажи“.

26 март 2024 - 09:30