Спартак Москва го прими 15-годишниот Ислам кој спасил 100 луѓе во терористичкиот напад

Русија сè уште е во голем шок по страшниот терористички напад во трговскиот центар „Крокус Сити Хол“ во Москва во кој загинаа најмалку 130 лице, претежно млади луѓе кои биле во концертна сала. За трагедијата да не биде уште пострашна помогнало младо 15-годишно момче кое спасило стотици луѓе.

Ислам Халилов има 15 години. Тој работи како гардеробер во една од големите сали во „Крокус Сити Хол“. Познавајќи го добро просторот, малиот Ислам за време на страшниот терористички напад раководел со евакуција од зградата на повеќе од 100 лица додека траело крволочното убивање.

„ПРЕД МОИ ОЧИ УБИЈА ЧОВЕК, НЕ МОЖАМ ДА ПРЕСТАНАМ ДА МИСЛАМ НА ТОА“

Ислам е најстар во семејството од три деца. Неговите родители се од Киргистан, а тој е роден во Русија и навива за Спартак Москва, еден од најголемите клубови во земјата.

Неговиот храбар подвиг да поведе повеќе од сто испаничени лица среде страшно пукање.

Тој веќе некое време работи како гардеробер во концертната сала каде на 22-ри март се случи еден од најстрашните терористички напади во историјата.

Во интервју за MSK1.RU младиот Ислам раскажал што се случило:

„Прво слушнавме некои нејасни звуци од први спрат. Помислевме можно е некое гласно друштво да дошло. Но после видов како кај скалите и ескалаторите почнаа да бегаат луѓе. Веднаш сфатив дека нешто се случува.

Сфатив дека ако не реагирам, може да загинат многу луѓе. Искрено беше многу страшно. Кога бев во толпата луѓе, тргнав кон вратата за да ја отворам, мислев дека кога би тргнале да излеземе од скалите или ескалаторите, не знам некој да не фрли граната или да пука. Фала му на Бога ништо не се случи. Успеав на време да ја отворам вратата и да ги пуштам сите кон страната „Експо“.

Самиот Ислам храбро меѓу последните тргнал кон излезот, чекал сите безбедно да избегаат.

„Нам ни покажуваа и раскажуваа каде да ги насочиме луѓето ако нешто се случи. Знаев каде да ги носам луѓето за да бидат на безбедно. Мајка ми беше во шок, плачеше поради тоа што го преживеав. Што се се случило пред мои очи. Искрено, уште и самиот сум во шок состојба. Пред мои очи убија маж, не можам да престанам да мислам на тоа.

Мајка му додала: „Му благодарам на Бога што се врати жив и здрав. Подоцна си дојдов при себе... Ислам беше во шок состојба, се тресеше. Секако, горди сме на него“.

Ислам веќе е прогласен за голем јунак. Фудбалскиот клуб Спартак Москва го поканил на гости кај нив, се запознал со омилените играчи, му подариле подароци и дрес со неговото презиме и бројот 1.

15-годишниот херој е повикуван на многу места, му спремаат ордени за храброст. Духовниот лидер на руските муслимани муфтија Равил Гајнутдин му врачил медал „За заслуги“ кои го доделуваат руските муслимани.

 

25 март 2024 - 09:31