Македонија изгледаше анемично, без агресивност и конкретна завршница по голот на селекцијата предводена од Роберт Просинечки, но нашиот селектор е задоволен од играта на двата натпревари.
„Морам да изразам задоволство од начинот на кој што играше Македонија на овој меч, начинот на кој што доминираше во сите сегменти на фудбалската игра.
Ако Македонија изгледа вака како денес и во иднина, јас ќе бидам среќен. Ако го тргнеме на страна резултатот, во ред резултатот е најважен, но не е најважен на овие контролни натпревари“.
И уште еднаш ќе потенцирам дека Македонија одигра исклучително квалитетен натпревар денеска со противник повеќе од сериозен како што е Црна Гора. Задоволен сум од тоа што го видов на овие два натпревари“, изјави по мечот Милевски
Следните активности македонската репрезентација ќе ги има во месец јуни, за кога има закажано пријателски средби против Хрватска и Чешка на гостински терен. Во септември стартува новото издание на Лигата на нации.
Голот за победа на 34 годишниот Стеван Јоветиќ, инаку најзвучно име на Црна Гора кој играше во Партизан, Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако, Херта, а од лани е член на Олимпијакос.