Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Канада посилна од Словенија, Дончиќ исклучен, пцуеше судии

И покрај тоа што уфрлија 15 тројки, Словенците денес повеќе се расправаа со судиите отколку што мислеа на противникот. Лука Дончиќ крајно нервозен цел меч поради бројни спорни судиски одлуки. На крајот Канада водена од неверојатниот Шај Гилџес-Александер оди во полуфинале.

Лучано Спалети, тајната приказна на еден гениј

Приказна која започнува на мотор со отворена кошула и коса на ветрот, а завршува во Неапол на врвот на Италија. За човекот кој го тренираше Елмас, а кој во сабота ќе има задача да го сопре на Градски е кажано сè: гениј, луд, романтичен, ироничен, суров, сладок, едноставен, неубедлив, недостижен. Кој е всушност Лучано Спалети?

Познато со кого може да игра Македонија во осминафинале

Македонските одбојкари вечерва од 20:00 часот го играат последниот меч од групна фаза во Скопје. Противник е Чешка Република. Црвено-жолтите имаат учинок 2-2 а со Чесите може да се игра.

Германија е нов поуфиналист, Шрудер шутираше 4/26

По негативниот учинок на Богдан Богдановиќ со Италија во групна фаза (1/13 за три), сега го надмина Денис Шрудер кој постави негативен рекорд 4/24. Германците имаа водство во текот на цела четврта четвртина но за малку поради очајниот Шрудер Летонија ќе се избореше за продолженија.

Како во Холандија се средува стадион за и после концерт?

Додека во земјава единствениот нормален стадион не можат да го одржат како треба и мака мачат со тревникот, на најубавиот холандски стадион „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам во 24 часа сè било организирано за концертот на U2. Имало 120.000 посетители. После само неколку часа стадионот и тревникот на стадионот на Ајакс се вратени како ништо да не било.

Што мисли Пикси за трансферите на Митровиќ и Милинковиќ во Саудиска Арабија?

Нема што да мисли, си кажа искрено човекот како би постапил ако денеска е активен фудбалер. На пример Сергеј во Лацио имаше годишна плата од 4 милиони евра, а Ал Хилал му понуди 30 милиони по сезона.

Ако некој не знае како со тревата на стадион, нека се јави во Мадрид

Реал Мадрид го спрема новиот изглед на Сантијаго Бернабеу за кој ќе потроши преку 500 милиони евра. Има ли некој стручњак да го објасни ова чудо?

Два нови светски рекорди поставени на Европското во Скопје

Само неколку дена по светскиот рекорд за најсилен и најбрз сервис на неверојатниот холандски репрезентативец Нимир Абдел-Азиз, синоќа на мечот Полска - Данска (3:0), сјајниот Вилфредо Леон постави нов. Сервираше со 138 км/ч што е незабележано во светската и европска одбојка.

Мангупски аутфит на Столе Димитриевски пред мечот со Италија

Голманот на Македонија се појави во дрес на рекордерот по број на настапи за Италија (176) и Серија А (657). Човекот со 28 годишна кариера, 10 Скудета, како и светски шампион. Овој пат легендарниот Џиџи Буфон ќе дојде во Скопје како нов тим менаџер на репрезентацијата предводена од Спалети.

Македонија го има најмладиот одбојкар на Европското, Ефремов заигра со 15 години

По двата воведни триумфи вредни осминафинале, македонската одбојкарска селекција го запиша и вториот пораз на Европското првенство во Скопје. Но мечот со Холандија донесе и еден убав момент.

Ужичко оро среде Филипини, уште Јокиќ им фали

Србите квалитетно и надмоќно ја надиграа и совладаа Литванија на Светското во кошарка. Убав повод за тоа да се прослави на традиционален начин во далечниот азиски крај.

Ѓоковиќ израдува македонски навивач со автограм на знамето

Со 6:1, 6:4 и 6:4 во три сета, Новак Ѓоковиќ ја мина и четвртфиналната фаза на УС Опен против Тејлор Фриц и во полуфинале ќе игра против  Бен Шелтон. По завршувањето на мечот во Њујорк, на трибини се појави нашинец со знаме кој се усреќи со автограм од најдобриот тенисер во светот.

Што ја чека Македонија на Европското во одбојка?

Македонската одбојкарска селекција со два историски триумфи обезбеди пласман во прво осминафинале во нашата историја, но тоа е само дополнителен мотив во последните два дуели од групната фаза да се пружи повеќе.

Емотивно видео со внука и дедо на „Сантијаго Бернабеу“

Шпанците се луди за фудбал. Страста која оваа земја ја има за овој спорт е безгранична. Најголем доказ за ова е едно видео кое кралскиот клуб го објави. Млада навивачка на Реал Мадрид го однела својот 85-годишен дедо на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Дедото пресреќен. „Денес ако починам ќе починам како среќен човек. Не можам да го издржам ова...“, рекол дедо Мигел.

Богдановиќ: Цел турнир е за Бориша, не спиевме поради него

Избраниците на Пешиќ добиле порака пред мечот со Литванија на која се израдувале и која им дала дополнителна сила за да растурат во четвртфинале.

Србија ја потопи Литванија и завери полуфинале

Момците на Светислав Пешиќ ја прегазија Литванија и се изборија за место во топ 4 на Светското кошаркарско првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Богдановиќ ги растури Литванците во прво

Србија одигра одлично прво полувреме и извади солидно водство против силната Литванија од 49:38. Богдан Богдановиќ ја направи разликата на паркетот како вистински лидер со 18 поени и јака тројка на крајот од 9 метри. Ако го добијат мечот, во полуфинале ќе го чекаат подобриот од дуелот Канада - Словенија кој се игра утре.

Секој играч би посакал барем еден ваков гол во кариерата

22 годишниот Лук Синг е дефанзивец на Атлетико Отава, кој го постигна деби голот во канадската прва лига. На страна Ибра, не можеш да наброиш многу фудбалери на кои им успеало вакво нешто на прва од корнер. Ова е многу тешка мајсторија за изведување. Браво дете.

Кога Пикси и компанија ќе те пречекаат во репрезентација како тазе голман на Челси

23 годишниот Ѓорѓе Петровиќ кој кариерата ја почна во Чукарички, а потоа замина во МЛС тимот Њу Ингланд Револушн, стана најскап српски голман. Челси за него плати 17,5 милиони долари, плус 2,2 милиони долари во бонуси. Стави потпис на договор од 7 години. Селекторот Стојковиќ му најави дека ќе му дојдат во Лондон.

Епското забивање на Даниловиќ преку Сабонис

Литванија и Германија се единствен непоразени селекции на овогодинешниот Мундобаскет. Литванците играат во транс, поддржани се на далечниот Исток од неколку стотини нивни навивачи, а по историскиот триумф над САД, сега ги чека стариот познаник Србија.

Оди на Жељко вака однесувај му се да те видам

И покрај тоа што имаат 5 од 5 и се четвртфиналисти на Мундијалот, кај Германците не цветаат рози во националниот тим. Кошаркарот на Торонто, Денис Шрудер покажа нула почитување кон селекторот Гордон Херберт, кој за време на еден тајм аут, побара од него да седне.

Навивач на УС Опен го величаше Хитлер, обезбедувањето го исфрли

Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако во најдраматичниот осминафинален натпревар кој траеше скоро пет часа славеше со 3:2 против Италијанецот, Јаник Синер. Во еден момент германскиот тенисер го прекина мечот и се пожали дека некој од трибина ја изговара најпознатата фраза на Хитлер. Судија се налути и почна да прашува во публика кој е тој, а потоа го открија.

Топ 10 на колото на Светското во кошарка

На Мундијалот во баскет следи најважното: борбите во четвртфинале за пласман во големите полуфинални дуели. Канада - Словенија, Германија - Летонија, Србија - Литванија и САД - Италија. ФИБА направи компилација од најубавите потези во последното коло.

Домаќинското работење на Барселона која со ситни пари имаше фантастичен преоден рок

Чави тргна во одбрана на титулата, за која уште на старт доби офанзивен напад од Реал кој стартуваше со 4 од 4. Скоро денар не потрошија, а донесоа големи имиња.