Португалија изгуби од Словенија, Роналдо збесна во Љубљана

Словенија направи големо изненадување откако со сјајна, борбена игра го победи големиот фаворит Португалија 2:0 и им го нанесе првиот пораз после неверојатна серија од 11 победи по ред. Кристијано Роналдо по крајот од својот 205-ти настап за Португалија се оправал со босанскиот судија Ирфан Пељто на кого му викал дека ги оштетил за два пенали, по еден во двата дела.

Словенците влегоа во пријателската со Португалија после разочарувачко реми 2:2 со Малта и беа апсолутни аутсајдери во мечот со гигантот. Но со головите на Адам Гнезда Черин во 72’ минута и Тими Елсник во 80’ минута заслужено го соборија големиот фаворит пред 16.000 гедачи на стадионот „Стожице“.

Словенија на овој меч од клупата не ја предводеше селекторот Матјаж Кек чиј татко починал пред неколку дена. На негово место Словенците ги водеше неговиот помошник Боштјан Цесар.

Кристијано Роналдо на полувреме се објаснувал со главниот судија на мечот Ирфан Пељто од БиХ, а по крајот од дуелот фрустрирачки му се извикал на четвртиот судија, Словенецот Дејан Балажиќ.

27 март 2024 - 09:19