Реал Мадрид пред неколку месеци за сума од околу 45 милиони евра плус бонуси го купи најголемиот бразилски талент во моментов, 17-годишниот Ендрик од Палмеирас.
Ендрик на најголема сцена, токму во храмот на фудбалот „Сантијаго Бернабеу“ покажа каков талент е. Во само четири меча за Бразил постигна два гола. И тоа против какви реномирани ривали.
Прво против Англија во Лондон стана најмладиот стрелец на гол на култниот „Вембли“ и му донесе победа на Бразил:
Интересно, пред мечот со Англија на Вембли, помалиот брат на Ендрик побарал од него да постигне гол против Англичаните. Ендрик го одржал ветеното а после дуелот рекол: „Само Бог! Брату мој, јас те сакам тебе најмногу на свет, ќе правам се за тебе и нашите родители, никогаш нема да ве натажам или разочарам. Секогаш ќе се грижам за се што сакаш. Те сакам бато!“
(Ендрик дал 2 гола во првите 49 минути за Бразил, а Пеле на времето ги дал првите два за 64 минути, Роналдо за 529).
Синоќа со прекрасен волеј израмни на 2-2 против Шпанија само три минути откако влезе во игра во вториот дел:
И тоа на сите четири настапи за Бразил Ендрик има одиграно вкупно 89’ минути зошто најчесто влегува од клупа за резерви. Дебитираше со Колумбија на гости во поразот 2:1 во квалификациите за Светско првенство кога одига само 8 минути. После пет дена доби 18 минути во супер дербито со Аргентина кога „кариоките“ изгубија 1:2 дома.
Сега на пријателска со Англија како резерва истрча 19 минути и со Шпанија 45 минути. Доволно да постигне два важни решавачки гола.
Сето ова било доволно во соблекувални да му честитаат Винисиус, Родриго и претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез кој му рекол: „Те чекаме овде. Сите те чекаме“:
“We’re waiting here. We’re all waiting.”
— B/R Football (@brfootball) March 27, 2024
Florentino Pérez greeted Endrick at the Bernabeu 🤍
(via @CBF_Futebol)pic.twitter.com/JxpThfoYkK
Цел „Сантијаго Бернабеу“ со стоечки овации за чудото од дете на Барселона