Човек да не знае од каде да почне кога би го раскажувал дуелот Шпанија - Бразил 3:3. На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид хит беше новото чудо на Барселона, малиот крилен напаѓач Ламин Јамал.
16-годишниот Ламал правеше дар-мар во бразилските редови и беше најдобар играч на теренот. Прво се избори за пенал за Шпанија кој го искористи капитенот Родри па му намести убава асистенција на Дани Олмо кој го разубави голот со луцидни дриблинзи, а на крајот го проигра и Дани Карвахал врз кого беше направен вториот пенал.
Бековите на Бразил, Вендел и Лукас Берардо (ПСЖ) не можеа да го спречат ни со раце ни со нозе Ламин Јамал.
Селекторот на Шпанија мудро го извади од игра Ламин Јамал во 90+2’ минута во судиското продолжение, со цел овој да добие големи и заслужени овации од цел „Сантијаго Бернабеу“ каде Барселона е пречекувана жестоко како вечен ривал.
Вака од „Бернабеу“ беа испраќани со аплауз само Роналдињо, Дел Пјеро, Тоти и Меси:
Сите голови од мечот Шпанија - Бразил 3-3: