Во живот не сме виделе вакви ножички како овие на африканското дерби

Секоја чест на Ибра, Руни, Роналдо и сите други играчи, а ги има многу, кои демонстрирале велемајсторски ножички. Ама овие се нешто посебно и поразлично од сè што сме виделе до сега. Врвна мангупарија која веднаш треба да влезе во бележникот на ФИФА. Сам си ги намести батето. Не е нормален. Па дури и се повреди од што му беше нестварна акробацијава.

Меѓу многуте репрезентативни средби синоќа во Европа и пошироко, Алжир и Јужна Африка одиграа спектакуларен пријателски натпревар кој заврши 3:3.

Мечот го одбележа Јасин Бензија од Алжир кој го постигна последниот гол на средбата во 70-та минута и стана еден од најсериозните кандидати за Пушкаш наградата.

Инаку се работи за 29 годишен играч од среден ред, кој не е баш анонимус и кој кариерата ја гради во Европа.

Во CV му стојат Лион, Лил и Дижон, како и позајмици во Фенербахче, Олимпијакос и Хатајспор. Од јануари минатата година е член на Карабах.

Ова е за него само шести настап и втор гол за селекцијата предводена од славниот Босанец Владимир Петковиќ, а претходно настапуваше за сите младински селекции на Франција.

Спремни? Ние од прва не сконтавме што направи. Коментаторот се смееше на забавената снимка откако сфати што направи Бензија.

Фрчат наслови и коментари.

Опасни ножички објавивме и вчера.

27 март 2024 - 11:07