Мамињо: „ЕУ треба да плаќа со злато да влеземе кај нив“

„Европа треба со злато да ѝ плаќа на БиХ да влезе во ЕУ, БиХ да им биде терапија за мозок, за душа, таква природа има овде... Како луѓето живеат во Европа, малку го чувствуваат стварниот живот. Овде се помали гужви, храната, природа, вода уште можеш да пиеш од чешма“.

Здравко Мамиќ веќе неколку години живее во Меѓугорје, во Босна и Херцеговина, затоа што во Хрватска по него е распишана потерница и треба да одлежи затворска казна зошто е осуден за финансиски малверзации додека беше прв човек на Динамо Загреб.

Во разговор за Аваз ТВ во БиХ, Мамиќ отвора душа за некои работи, одговара што мисли за Модриќ, Ловрен, Далиќ и Фрањо Туѓман.

Вели дека „ние на Балканот сме мали маци во однос на тоа колку е корумпиран светот, само они тоа поубаво го пакуваат па го нарекуваат „гифт“, маркетинг, провизија, имиџис и не знам кои други термини....“

 

28 март 2024 - 09:09