Ова беше прво издание на АЦУД Куп во Египет, турнир кое не е службено под закрила на ФИФА. На првиот меч во полуфиналето Хрватска го совлада Тунис на пенали 5:4 а во финалето против Египет победија 4:2 иако домаќините први дојдоа во водство.
Лука Модриќ го забележа 174. настап за Хрватска и конечно го крена првиот пехар после загубено финале на Светско 2018 и загубено финале на Лига Нации 2023 од Шпанија на пенали во Ротердам.