Offside

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Нојер со капитенски подарок за Милер

Баерн Минхен во саботата ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3-1 и ја продолжи трката со Баер Леверкузен кој е прв на табела со 52 бода, два повеќе од Баварците. На овој натпревар Томас Милер влегол на вечната листа како прв фудбалер во историјата на Баерн кој забележал 500 победи. За таков подвиг му требале 690 меча.

Трпеливата акција на Арсенал на која Ливерпул немаше одговор

60 секунди, 18 додавања. Навидум бавно и со цел да се извади топката од своја половина, ама сепак организирано, со завршница по мерка за 1:0 по само 14 минути игра. Ливерпул 61 бод, Арсенал 59, Манчестер Сити 46 со два меча помалку. Ќе гледаме ли жестока битката за титулата во Премиер лигата со три екипи?

На дете навивач на Наполи му направија торта со амблемот на Јуве

Роденденската траума на малиот за среќа му траеше кратко, инаку на плачките ќе им немаше крај.

Мајсторија на Димитриоски во стилот на Дибиров

Во екипата на Ваљадолид настапуваат двајца македонски ракометари: Димитар Димитриоски на позиција лево крило и Дарко Димитриевски како лев бек. Пазете каква вртенка извади Димитар на додавање на Дарко и тоа во трк.

Најсмешниот направен пенал

За време на мечот од бразилската Копа до Нордесте меѓу екипите на АБЦ и Марањао, гостинскиот бек Иан Балдез направи таква глупост што судијата ја забележал и го досудил најчудниот пенал што некогаш е досуден за ваква ситуација.

Навивачите на Челси брутално искрени спрема својот клуб

Челси лани заврши на 12-то место со 16 порази. Сезонава веќе има 10 порази и е 11-ти со -20 од првиот. Водеа 1:0 против Вулверхемптон и на крај загубија 2:4. За тоа колку се утепани, свесни се и самите навивачи. Гостите им пеejа „You're fucking shit", а тие вратија со „We're fucking shit". Трагикомедија.

Карагер, а Клоп кога скока убаво ти е?

Арсенал со 3-1 го разби Ливерпул во големото дерби на Премиер лигата и ја направи уште поинтересна трката за шампионската титула. Ливерпул сега е прв со 51 бод но само два повеќе од „топџиите“ и пет повеќе од Сити кој има и два меча помалку. Сака, Мартинели и Тросар беа стрелци на головите а после мечот стручниот коментатор Џејми Карагер не можеше спортски да го прифати поразот на тимот чиј капитен беше со години.

Сензација на Светски Куп каква што не е видена никогаш во скијање

Швајцарскиот скијач Даниел Јул триумфираше во француски Шамони во трката во слалом во рамки на Светскиот Куп иако после првата рунда беше дури на 30-та позиција со речиси теоретски шанси да направи нешто.

И Левандовски на актерскиот список

Па пауза од скоро два месеци, Роберт Левандовски постигна гол за Барселона, која славеше 1:3 на гостувањето против Алавес. Во еден момент полскиот напаѓач влезе во непотребен глумачки фазон, нетипичен за него.

Прва топка заборав нема

Фудбалот е игра за сите и стари и млади и машко и женско. Доказ за тоа е и еден симпатичен дедо кој носталгично подигрува.

Голчиштето на Кварацхелија за пресврт и победа на Наполи

Шампионот на Италија игра многу слаба сезона и се наоѓа на седма позиција со само 35 бода или -22 зад лидерот Интер. Во 22. коло ја запишаа 10-та победа и тоа едвај против Верона која се бори за опстанок. Гостите поведоа во 72-ра минута, а Наполитанците се вратија со помош на автогол, а потоа со мајсторија на Кварацхелија кој е далеку од ланската форма.

Како Атлетико го шокираше Реал во продолжение?

Шпанскиот репрезентативец и некогашно дете на Реал Мадрид, Маркос Љоренте (29) во длабоко судиско продолжение погоди против „кралскиот клуб“ и му донесе злато вреден бод на Атлетико Мадрид кој со Барселона и Жирона останува во трка за титулата.

Дојди чичо Никола да ти покаже една стара финта

15-ти трипл дабл сезонава за Јокиќ или вкупно 120-ти во кариерата на мечот против Портланд викендов, кој го заврши со победа од 120:108 и учинок од 27 поени, 22 скока, 12 асистенции, 2 бокади и една украдена топка. Само два дена подоцна Денвер повторно одигра против Портланд и повторно славеше овој пат со 112-103. Јокиќ го заврши мечот со 29 поени, 8 скока и 7 асистенции. Деандре Ајтон се обиде да го чува на тројка, ама се укочи.

Арапски коментатор ја пееше мундијалската химна на Шакира за време на последниот пенал

Зеленортските острови го изведуваат последниот пенал против Јужна Африка во четвртфиналето кој ќе го промашат и ќе загубат со 2:1. Коментаторот го пее хитот на Шакира од СП Јужна Африка 2010. Каков цар.

Поентата беше да ја расчистиш, а не да си ја збрцаш во гол

Во бразилскиот шампионат Атлетико Паранаенсе го совлада ПСТЦ со 4:0. Во 40 минута при резултат 0:0, голманот на домашниот тим фати пенал, ама не знаеше дека има соиграч од сомнителен калибар кој ќе конкурира за автогол на годината.

Историски подвиг на голманот на Јужна Африка со 4 одбранети пенали вредни полуфинале

Африканскиот Куп на нации влегува во самата завршница на спектакуларен начин. Ронвен Вилијамс направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг голман, па дури ни на Европско и Светско првенство.

Американските коментатори за тројката на Јакимовски: „Скопје, Македонија, Крива Паланка“

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски постигна 13 поени од кои три тројки, а имаше 5 скока и 4 асистенции. На една од тројките за Вашингтон Стејт кој го доби градскиот ривал Вашингтон 90:87, коментаторите почнаа да редат: „Скопје, Македонија, Крива Паланка“.

Ѓоковиќ го скина Кирјос

Го фати и по начинот на зборување и по ноншалантноста, па дури и гестикулацијата со рацете ја има. Одличен.

Миовски прави дар-мар, погоди и против големиот Селтик

Абердин минатата недела го отпушти тренерот поради многу послабите резултати за разлика од лани, па попладнево со нов тренер извадија голем бод против шампионот Селтик. Бојан Миовски денес беше прецизен и против „келтите“, со мајсторски гол го совлада ветеранот Џо Харт во 50' минута. Селтик израмни во 63' минута преку Никола-Герит Кун.

Познато е колку ќе заработува Хамилтон во Ферари

Седумкратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон направи мега трансфер и од следната 2025-та ќе вози за неговиот досегашен најголем ривал Ферари.

Роналдо се смешкаше додека Меси одеше во кадар

Ал Наср го растури Интер Мајами со 6:0 во пријателски меч одигран во Ријад, Саудиска Арабија. Лионел Меси беше на клупата за резерви, влезе пред крајот на дуелот во последните 7-8 минути а Кристијано триумфот го следеше од ложа на трибините.

Кога Рене Игита спасил киднапирано девојче во ерата на Пабло Ескобар, а потоа го уапсиле

Легендарниот јужноамерикански голман кој загуби од Панчев и дружината на Мундијалот во Италија, има освоено Копа Либертадорес, стрелец е на 43 гола во кариерата, но и неправедно бутнат 9 месеци во затвор поради што го пропушти Светско во САД.

Драмата на фудбалерот на Ирак кој доби црвен картон за имитација

За време на осминафиналниот меч од Купот на Азија меѓу Јордан и Ирак кој Јорданците го добија 3:2, ирачкиот центарфор доби црвен картон поради една необична епизода.

Вардарецот Лазаревски во улога на метео презентер

Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски беа гости во спортската емисија „Фер плеј со Јана“. Зборуваа на спортски теми поврзани со Вардар и настапите со репрезентација на Европското во Германија, а потоа пикерот на Македонија изненади и со друг скриен талент.