Францускиот претседател Емануел Макрон дошол на отворањето на новиот воден центар спремен за Летните Олимписки Игри во Париз летово. Во овој центар ќе се одржат олимписки натпревари во уметнички скокови во вода, уметничко пливање и квалификациска фаза за ватерполо турнирот на ЛОИ2024. При една демонстрација од скокачите, еден имаше неприлика.
Изградбата на овој воден центар чинела околу 118 милион евра, има капацитет од 5.000 гледачи и важи за најголем базен во земјата. Направен е од природни материјали, соопштиле архитектите на целиот проект.