Најдобрите дриблинзи на Ибра кој скоро ќе има проштален меч

Златан Ибрахимовиќ (42) веќе подолг период е во играчка пензија а сега веќе и официјално проштален меч ќе му биде оној пријателскиот меѓу Шведска и Србија во пресрет на Евро 2024, на 8-ми јуни во Стокхолм. Ибра фали на терените, со својот уникатен став и дриблинг.

Спектаклот во чест на Ибра ќе се одигра на „Френдс Арена“ во Стокхолм, потврди шведскиот фудбалски сојуз, кој додаде и дека картите за овој дуел веќе се пуштени во продажба и тоа по цена од 20 евра до 45 евра.

Златан лани објави крај на кариерата. Тој за шведската репрезентација одигра 122 натпревари и постигна 62 гола.

Со висина од 1.95 сантиметри вака никој не бил умешен со топка како него:

4 април 2024 - 12:48