Па дај му рака, мамлаз

Челси потроши силни пари (повеќе од 1 милијарда) евра на засилувања во последниве неколку сезони, а испадна дека најдобро им игра фудбалер од нивната школа. 24-годишниот Конор Галахер кој ги извади „сините“ на неколку средби сезонава. Сега истиот тој Галахер се најде во средиште на голем скандал затоа што се појави видео на кое се гледа дека пред мечот Челси - Барнли (2:2) во саботата како капитен како да изигнорирал едно дете. Го обивинуваат за расизам, клубот и други го бранат.

Соопштение на Челси:

Остар бил и тренерот на Челси Маурисио Почетино во одбрана на својот играч:

„Многу ме вознемири (целата приказна со видеото). Зошто никој не сака да направи такво нешто со намера. Кога играш фудбал и таму си и се фокусираш на мечот и на стартот, тогаш се случуваат такви нешта (да не видиш подадена рака). Луѓе бараат да најдат такви нешта за да направат збрка и да навредуваат.

Конор е прекрасен, одлично момче и секогаш се грижи за се. Мразам што луѓето комотно навредуваат на социјални мрежи. Колку е лесно да навредиш некого. Многу лесно. Кој мисли дека намерата на Конор била да го игнорира детенцето? Никој, дајте“.

4 април 2024 - 13:07