ЕСПН: Фаворит за МВП на сезоната е Никола Јокиќ

Ако овие резултати останат вака, тогаш српскиот кошаркарски ас наскоро ќе оствари хет-трик и ќе влезе во друштвото на Меџик Џонсон и Лери Бирд.

Јокиќ е изразит фаворит за освојување на МВП наградата и наскоро може да биде прогласен за најкорисен играч во НБА во сезоната 2023/2024 и тоа по трет пат, твдри ЕСПН.

Анкетата која ја објавија Американците покажува дека Јокиќ добил 85 од можни 100 гласови за прво место, 14 за второ и само едно за трето место. Има собрано вкупно 953 поени.

Втор на листата е Шеј Гилџес-Александер од Оклахома со 626 поени со 10 гласови за освојување на првата позиција, а трет е Лука Дончиќ со 493 поени и само еден глас за да биде победник.

Инаку во првата анкета на ЕСПН објавена во декември прв фаворит беше Жоел Ембид од Филаделфија, но поради повреда пропушти значителен дел од сезоната.

За доминацијата на Јокиќ и оваа сезона најдобро зборува просекот кој го држи, а тој изнесува: 26,4 поени, 12,3 скока, 9,0 асистенции и 1,3 украдени топки на 73 натпревари, како и 23 трипл дабл учиноци.

Инаку ако се остварат овие најави, Никола Јокиќ ќе им се придружи на Меџик Џонсон, Лери Бирд и Мозес Мелоун кои имаат по 3 МВП награди.

Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен имаат освоени по 4, Мајкл Џордан и Бил Расел по пет, а Карим Абдул-Џабар 6. 

4 април 2024 - 11:51