Јака дебата и Гарнет до Пол Пирс: „Знаеш ли од кај доаѓаат Хрватите, Србите“

Врвниот тандем Пол Пирс - Кевин Гарнет кој во 2009-та освоија шампионска титула со Бостон Селтикс ја продолжија дискусијата околу европските играчи во НБА. Пирс вика дека Европјаните биле многу мекани. „Човече погледни го Вембенјама, толку е мек, нежен, зборува со секси јазик. Кај нас во Америка во секое маало се одело на тепачка за време на баскет, они не се такви“.

„Посебно не Французите, тие се толку фини луѓе, пријателски настроени, како колачи“, вели Пирс а Гарнет не се согласува со таа теорија па му одговара:

„Европјаните се израснати во право срање во војна човеку. Оделе до школо за време на војна, бомби, се... Зборувам за Србите, Хрватите, за некои од тие места, човеку... Зборуваш како Американците да се создадени од некој поинаков материјал, слушни ме, а Европјаните да потекнуваат од сосема друг начин на живот, сум играл со многу од нив. Агресивни се, не даваат на себе!“, ги бранел Гарнет играчите од овие простори.

5 април 2024 - 12:40