Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Само Пабло Ласо да не ти згрми на тајм-аут

Педесет и пет годишниот шпански тренер Пабло Ласо долги години беше најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид на кого му донесе 2 евролигашки титули, 6 титули во шпанската АЦБ лига, 6 Купа и 7 Суперкупа. Ласо имаше здравствени проблеми пред пар години па поради паузираше подолго време а Реал Мадрид реши да не му го продолжи договорот. Ласо сега се врати и го презеде Баерн Минхен каде нема да има ѕвезди како во Реал.

Ви текнува ли на Адем Љајиќ?

Има само 31 година а толку долга кариера што некој би помислил дека е генерација со Ибрахимовиќ. Адем Љајиќ, детето од Нови Пазар кое од Партизан се вивна во фудбалски висини, играше за Фиорентина, Рома, Интер, Торино, Бешикташ, сега се врати во својот роден Нови Пазар. Го пречекаа како цар, а им возврати со прекрасен гол на дебито.

Хитот „Sará perche ti amo“, во изведба на навивачите на Милан

На Милан не му оди годинава во градското дерби и го губи по петти пат по ред. Ама затоа на навивачите им оди многу добро песната.

Детска работа

Видеото е од некаде во Турција, натпревар од јуниорска лига.

Ватерполо на корејски начин

На дуелот меѓу Чонбук и Гангвон во корејската К-лига, гостите подобро се снашле на поплавениот терен и славеле 1-3. Не ја прекинал судијата ни кога не можело да се подаде топка.

Сите зборуваат за шутот на новиот напаѓач на Челси

Челси има мизерен старт со само една победа по првите 5 кола во кои постигна 5 гола. Во напад го купија 22 годишниот Николас Џексон од Виљареал, роден во Гамбија, кој игра за Сенегал. Да го погледнеме.

Судијата му ја подаде топката на Кепа и го насмеа Крос

Несекојдневна сцена на мечот Реал Мадрид - Реал Сосиедад кој заврши 2:1 за кралевите. Линискиот судија влезе на терен да му ја даде топката на голманот, кој веројатно уште ќе се влечкаше за да задржува време.

Како Брајтон со 33 додавања го шашардиса Ман. Јунајтед

Тимот предводен од сјајниот италијански тренер младиот Роберто Де Ѕерби, составен од играчи кои се дојдени без обештетување, како слободни агенти, со 1-3 го разби Манчестер Јунајтед среде „Олд Трафорд“. Права лекција од фудбал им одржа Брајтон на момците на Тен Хаг.

Најстрашниот фаул на сезоната доаѓа од Хондурас

На дуел од 8. коло во фудбалската лига на Хондурас меѓу Маратон и Олимпија гостите победиле 0-1 и останале први на табела со 5 победи и 2 нерешени. А тоа што го направил домашниот фудбалер Андре Орељана во 87' минута од мечот било не за црвен картон туку за в затвор.

Скок за историја на неверојатниот Дуплантис кој постави нов светски рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис не е од оваа планета. Во дисциплината скок со стап скокна 6,23. Седми пат го соборува сопствениот рекорд.

Вардар 1961 по втор пат го разби шампионот Еурофарм Пелистер

Двократниот европски првак ја загуби титулата во домашното првенство минатата сезона, Пелистерци станаа шампиони и за првпат после цели 18 години заиграа во Лига на шампиони, но црвено-црните уште на стартот на новата сезона имаат 2-0 против Битолчани.

Татко му на Ѓоковиќ раскажува кога морал пред турнир да земе 5.000 евра од лихвар

Срѓан Ѓоковиќ бил на тешки маки на ден пред првото патување на Новак во САД на јуниорски Гренд слем. Човекот кој му позајмил пари се изживувал со него и покрај тоа што се работело за најдобриот тенисер во Европа за играчи до 16 години. Збеснал и кршел кога се вратил дома.

Португалија веќе го има кандидатот за гол на сезоната

Есторил прими 5 парчиња од Жил Висенте и загуби со 5:3, ама затоа ја има атракцијата на колото, неделата и месецот, која сигурно ќе влезе во најтесна конкуренција за најдобар гол сезонава во португалскиот шампионат.

Топка со очи на Барди

Трабзонспор има големи 3:0 во турското дерби над Бешикташ. Енис Барди не е меѓу стрелците, но е најзаслужен за првиот гол кој го постигна Пол Онуачу. Сè изработи како што треба и му ја даде на тацна.

Врвна мајсторија на Интер Мајами, овој пат не во изведба на Меси

Интер Мајами во отсуство на Лео Меси е декласиран од Атланта Јунајтед со 5:2. Двата гола за гостите ги постигна Леонардо Кампана. Едниот за чиста 10-ка.

Никогаш нема да победите

Интер во 2023-та е во страшна серија против Милан со 5 од 5, низа веројатно незабележана на друга градска пресметка во една календарска година. После четири порази од јануари до мај минатата сезона, синоќа ги допетаа со 5:1. Навивачите на Интер скандираа: Никогаш нема да победите.

Зошто го сакаме Питер Крауч

Најдуховитиот фудбалер во Велика Британија. Ај што е веројатно највисокиот фудбалер кој некогаш играл во Премиер лига, се изнадава голови во Ливерпул и Стоук, а башка што владее со врвен британски хумор.

Роналдо погоди камерман со топка и го затетерави

Кристијано Роналдо вечерва го постигна својот 7-ми гол на последните 4 меча за Ал-Наср и е лидер на листата стрелци во тамошната лига. Ал Наср со 1-4 го совлада Ал-Рад (три гола им дале во вториот дел). Гол дал и Садио Мане а Роналдо во еден момент од слободен удар во глава го погодил камерманот зад едниот гол.

Две мајстории на Душан Влаховиќ, Јувентус го скроти Лацио

Со два гола на српскиот центарфор и еден на италијанскиот репрезентативец Федерико Кјеза, Јувентус со 3-1 го згроми Лацио и ја продолжи одличната атмосфера во новата сезона.

Интер му нанесе историски дебакл на Милан, Пиоли рекордер

Интер по петти пат по ред му го зема скалпот на градскиот ривал, а вечерва го забележа еден од најголемите триумфи против Милан во историјата: 5-1. Резултатот го отвори Михтарјан, Тирам зголеми на 2-0, Леао намали а до крајот со росонерите си поиграа уште и Михтарјан по втор пат, Чаланоглу и Фратези.

Шевченко и Џиџи Буфон од пенал како некогаш

Двете енормни легенди поради кои генереции и генерации го засакаа фудбалот, сега се сретнаа на мечот од хуманитарен карактер организиран во Словенија од првиот човек на УЕФА Александар Чеферин, со цел помош на луѓето загрозени од неодамнешните поплави. Џиџи и Шева одново беа очи во очи од пенал точката како пред две децении во финалето на Лига на шампиони меѓу Јувентус и Милан.

Стеф Кари ли е или не?

Тие што не пратат многу кошарка, може и лесно да клизнат. Како и да е, малиот направи шоу само што се појави.

Интересна промоција на Кореец во Ц. Звезда со смешно новинарско прашање

Репрезентативец на Јужна Кореја Ин-Беом Хванг стана официјално најскапиот играч во историјата на Црвена звезда која за него на грчки Олимпијакос му плати 5 милиони евра за трансфер. Хванг веќе потпиша со црвено-белите и ќе игра во Лига на шампиони.

Чудна желба на навивач на Партизан

Понудата на српскиот навивач е до Кевин Пантер, после пријателската меѓу Партизан и Фуенлабрада. Погледнете ја реакција на Американецот после будалаштината од муабет нафрлен од трибина на кое незрело детиште.