Спектакл од одбрана на Шчесни со Фиорентина

Јувентус оствари алегријевска победа од 1-0 над Фиорентина и победи првпат после цели 40 дена и 4 меча без триумф со само два освоени бода. Бјанконерите дадоа гол преку стоперот Гати во 21’ минута и до крајот го чуваа резултатот. Уствари полскиот голман Војчех Шчесни им го чуваше.

Во полуфиналето на италијанскиот Куп минатата недела голманот на Аталанта Карнесеки имаше фантастична одбрана која може да се мери со оваа на Шчесни:

Се испружи колку што е долг - одбрана на неделата

8 април 2024 - 09:18