Лудиот гол на 18-годишниот Меино на дербито со Ливерпул

Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа 2:2 во сјајното дерби од Премиер лигата. Гостите во првиот дел имаа дури 14 обиди кон противничкиот гол, а домашните ниту еден. Сепак на крајот Ливерпул беше тој којшто спасуваше бод.

Ливерпул поведе прв преку Луис Дијаз во 23’ минута а после тој погодок црвените имаа уште бројни шанси да го зголемат водството. На пауза се отиде со тој резултат 0-1.

Манчестер Јунајтед израмни на 1-1 на старт на вториот дел во 50’ минута преку Бруно Фернандеш, а Коби Меино во 67-ма минута постигна спектакуларен гол за водство и еуфорија на „Олд Трафорд“.

Тоа беше дебитантски гол на „Олд Трафорд“ за младиот Меино кој игра многу зрело и искусно за своит 18 години.

Во 84’ минута Ван-Бисака направи пенал кој Салах го реализираше за 2:2 и бод за Ливерпул кој сега има исто бодови, по 71 со Арсенал на самиот врв на табелата во Премиер лига.

8 април 2024 - 08:41