Асистенција за најавни шпици и нов трипл-дабл на Јокиќ

Шампионот Денвер Нагетс ја совлада Атланта Хокс 142:110 и одново се врати на првото место на табелата во Западната конференција пред стартот на разигрувањето.

Најефикасен кај првакот беше Кентавиус Колдвел-Поуп со 24 поени, а Мајкл Портер додаде 20 поени.

Никола Јокиќ стигна до нов, 25-ти трипл-дабл во сезоната - уфрли 19 поени кои ги зачини со 14 скока и 11 асистенции. Српскиот репрезентативец кој од спротивната страна го имаше неговиот сонародник и ортак од репрезентацијата Богдан Богдановиќ, имаше 6/13 од игра за два, 2/3 за три и 5/6 од слободни.

Никола Јокиќ го забележа 130-от трибл-дабл во НБА кариерата и сега Меџик Џонсон на вечната листа му бега осум трипл-дабл учиноци на четвртото место.

Јокиќ имаше и една асистенција на колото:

После подолга пауза поради проблеми со коленото во составот се врати најдобриот партнер на Јокиќ, Џамал Мареј кој после седум меча отсуство заигра и за 21 минута изброи 16 поени со шест асистенции.

Богдановиќ, пак кај Хокси беше втор најефикасен со 18 поени (6/10 од игра, 3/4 за три, 3/3 од слободни фрлања) со две асистенции и два скока. Клинт Капела беше прв стрелец со 19 поени и 12 скока.

7 април 2024 - 10:42