Онана користел вазелин за ракавиците

Репрезентативниот голман на Нигерија Андре Онана за време на најголемото англиско дерби Манчестер Јунајтед - Ливерпул 2:2 бил уловен од камерите како става вазелин на ракавиците. Ништо нелегитимно, не е забрането, а бивши голмани имаат објаснување зошто се турало.

Некогашниот голман на Манчестер Јунајтед Марк Боснич за вазелин на голмански ракавици вели: „Понекогаш материјалот на ракавиците може да биде многу сув па навлажнување со вазелин го подобрува приемот на топка“.

Поранешниот англиски репрезентативен голман додава: „Првпат видов како вазелин на ракавици става Џо Харт, на Светско првенство 2014. Ми кажа: „Фози, искрено, ова ги менува правилата на игра. Тешко е да се објасни, но на тренинг можам да видам кој користи вазелин, зошто само што ќе ја фатиш топката, станува веднаш поцврста во раце".

А Харт ова со мачкање вазелин го научил од Каспер Шмајхел:

„Јас завршив со Умбро и тестирав нови ракавици пред почеток на сезоната и тогаш се зборуваше за вазелин. Мислев дека нема да има корист и нема да има никаква смисла.

Но Каспер ми кажа: „Стави на нив вазелин. Му поверував, го послушав неговиот совет и веќе никогаш не зажалив што користев“.

9 април 2024 - 09:13