Луда тројка на Данте Егзум кој зборуваше за атмосферата во НБА и Србија

Во големото дерби на Тексас, Далас Маверикс едвај во продолженијата го совлада Хјустон Рокетс 147:136 во меч во кој „ракетите“ имаа огромна предност но на крајот Данте Егзум со тројка ги однесе Мавс во продолженија.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг одиграа нов спектакуларен меч во „Американ Ерлајнз центар“ во Далас. Ирвинг уфрли неверојатни 48 поени а Лука Дончиќ 35 поени со 11 асистенции и 9 скока. 

Но херој на мечот беше Австралиецот од Мелбурн.

Доскорешниот кошаркар на белградски Партизан Данте Егзум го заврши мечот со 14 постигнати поени, 9 скока и две асистенции. Токму неговата тројка за продолженија во последна секунда на асистенција на Дончиќ ја распали салата:

Во продолженијата Далас го скрши отпорот на големиот ривал Хјустон и славеше заслужена победа. Кај „ракетите“ најефикасни беа Дилон Брукс со 29 поени, Валвит со 24 поени и 12 асистенции а Џејлен Грин додаде 21 поен и 8 асистенции. 

После мечот јунакот на триумфот на Далас на новинарски прашања за амтосферата во салата во Далас, општо во САД и во Србија рекол:

„Србија е потполно друг ѕвер. Без критики на сметка на навивачите на Далас, и тие се супер, но во Србија е поинаку. Пеење и славење. Луѓето кои водат навивање и не ни го гледаат натпреварот зошто се трудат сите да навиваат. Денес беше гласно, но Србија е нешто потполно поинаку.

Кога играте за Партизан и влегувате во салата на Звезда „Пионир“, тоа е многу тешко. Игравме серија од пет меча, две кај нив навистина тешка атмосфера! Како и навивачите да беа на терен со нив. Мислам дека атмосферата во плејофот во НБА не може ниту да се приближи до тоа, но тоа во Србија дефинитивно добро ме исчеличи“.

Дончиќ пак одлепи на загревање со нестварен кош 

8 април 2024 - 11:14