Туку на овие што им текна во 9 саат сабајле да се млатат

Во саботата од 18 часот се играше големото римско дерби Рома - Лацио. Победи „римската волчица“ 1-0 со гол на стоперот Манчини во 42’ минута. Уште по рани зори сабајлечки околу двесте навивачи на Лацио влетале во близина на барот „Ривер“ близу стадионот Олимпико каде се собираат ривалите и нападнале стотина тифози на Рома кои се спремале за дербито. Во извештаите на полицијата која навремено реагирала и спречила крвопролевање се вели дека инцидентите започнале околу 9-9:30 часот изутрина. Некој тогаш уште не измил раце, а они...

Дербито беше прекрасно на трибините, како и секогаш врвни кореографии и од Јужната страна и од Северот. Многу пиротехника, топовски удари и загреани дланки и грла.

На терен бледо, Рома далеку подобра и заслужено освоени три бода против лутиот ривал.

8 април 2024 - 13:12