Offside

На 30-ти април во Ванкувер, Канада, се одржа 76. Конгрес на ФИФА. Присутни биле делегации на 211 нации само не биле луѓето од фудбалската федерација на Иран кои допатувале во Канада но граничната полиција не им ја одобрила визата (како соопшти министерската за надворешни работи на Канада Анита Ананд претходно одобрената виза за престој им била отповикана) и не можеле да влезат во земјата.

Како тоа 15 души го чуваат голот на слободен удар?

Едниве имаат 15 голмани, ама другиве го имаат Дибала.

Пандев: Мацари е вистинскиот човек за Наполи, а Италија - Македонија ќе ја гледам дома

Без разлика дали е во Струмица или во Џенова, италијанските медиуми на мира не ја оставаат македонската легенда. Година и пол има како замина во пензија, но постојано го бараат за мислење.

Варијанти кои му требаат на Ѓоковиќ за полуфинале во Торино

Најдобриот светски тенисер се најде во незавидна ситуација на собирот на најдобрите 8 играчи во Торино, откако со 1 победа и 1 пораз сега би можел да испадне уште во групна фаза.

Кои се најскапите голмани на свет?

Според реномираниот германски сајт Трансфермаркт специјализиран за точна вредност на речиси сите светски професионални фудбалери, интересна е категоријата на голмани.

Најголемата италијанска гордост го урна Ѓоковиќ

Како да лебдеше во воздух првиот пораз на Новак Ѓоковиќ после подолго време. И се случи. Младиот 22-годишен Италијанец Јаник Синер ги имаше сите предуслови конечно после пет порази да успее да го совлада Ѓоковиќ. На АТП финалните дуели во Торино, Синер имаше огромна поддршка од домашната публика, игра во одлична форма и го искористи моментумот.

Тензични сцени во НБА, Дрејмонд Грин го давеше Руди Гобер

Во неизвесна битка Минесота го доби Голден Стејтс со 104:101. Уште не почнат мечот, додека на семафорот стоеше 0:0, Клеј Томпсон и Џејден МекДаниелс почнаа да се влечат по цел терен. Потоа влетаа и другите кошаркари, а тензијата ја зголеми Грин кој го зграпчи Гобер за врат. По прегледот на снимките, судиите ги исклучија Грин, МекДаниелс и Томпсон.

Луис Диаз се сретна со татко му по ослободувањето

По завршувањето на 12 дневната сага и неизвесност за неговиот живот, Луис Диаз се сретна со татко му кој е пуштен на слобода. Тој во меѓувреме постигна гол за Ливерпул и им испрати порака на киднаперите да го ослободат, а сега конечно се заедно.

Соиграч на Талески го постигна најнеобичниот гол во Европската лига

Бенфика загуби од Рајн Некар 35:36 со гол со звукот на сирената, а на 20 минути до крај губеше -8 кои успеа да ги анулира. Погледнете каква комедија од погодок падна на средбата. Голманот не знаеше каде е топката.

Најоткачената прес конференција

Мислевме дека тоа со Гатузо во Грција е број 1, ама овој е појак. Се вика Рикардо Ферети, а лутината до небо што не се испочитува правилото „Жените имаат предност“ ја вади како тренер на Тигрес од Мексико.

Каков беше Наполи со Валтер Мацари, старо-новиот тренер

Прва победа на Наполи против Јувентус во Торино после цели 20 години, прв пехар после 22 години, враќање во Лига на шампиони, пројдена група со Баерн Минхен, Сити и Виљареал и за малку чудо против силниот Челси. После десет години Мацари изгледа се враќа во Неапол.

Навивачите на Реал Сосиедад со сценски настап за Палестина

Навивачите на Селтик со години беа најгласни поддржувачи на палестинскиот народ меѓу навивачите. Неодамна управата на шкотскиот клуб решила да и забрани влез на групата Green Brigade поради политички пароли од трибината каде што стојат. Во меѓувреме други навивачки групи застанаа во поддршка на Палестина, а најгласни се оние од Реал Сосиедад, шпанскиот прволигаш кој игра и во Лига на шампиони.

Го имаме ли најдолгото изведување на аут во историјата?

Следен пат намали го залетот, да не ја бараме во река топката.

Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Како Жунињо Паулиста првпат видел снег на 22 години во Јоркшир

Како што генерации се вљубуваа во некој симпатичен просечен клуб поради некој играч, така и на времето Мидлзборо имаше свои следбеници поради Бразилецот Жунињо Паулиста, мајсторот на фудбалот.

На јака ретро фотографија налетавме

Лево Владимир Југовиќ, десно Ален Бокшиќ. Легенди на едно незаборавно време. Се враќаат од Токио, после освојување на Интерконтиненталниот Куп 1996.

На Англија за 400 и 600 денари

Фудбалската федерација на Македонија во понеделникот ги пушти во продажба влезниците за мечот меѓу Македонија и Англија закажан за 20-ти ноември.

Прекин на дербито во Мостар поради навредливи симболи

На стадионот „Роѓени“ во Мостар синоќа се одиграло градското дерби меѓу Вележ и Зрињски. За едните навива воглавно босанската етничка заедница во градот за другите хрватската. Мечот поминал во напната атмосфера, домаќините на крајот победиле со 3-0 но натпреварот бил неколку пати прекинуван. Еднаш поради тоа што домашните навивачи извадиле знаме на кое биле исцртани симболи на кукаст крст, усташки симболи и Давидова ѕвезда па после знакот еднакво е нацртан машки полов орган.

Интелигентен е голманот на Гремио

Гремио со пораз дома од Коринтијанс 0-1 како да се предаде во трката за титулата. Гремио е трет со 59 бода, Ботафого е втор со 60 бода а Палмеирас прв со 62 бода. Во триумфот на Коринтијанс на гости интересен момент имаше во 75’ минута кога гостинскиот голман Касио пропушти една топка од индиректен удар да влезе во голот зошто правилото вели дека од индирект нема погодок директно во мрежа.

Седум лацијали од Македонија сведоци на голот број 200 на Имобиле, вреден победа над Феенорд

„Многу Италијанци мислат дека за Лацио навиваме поради Пандев, а ние им објаснуваме дека страста потекнува уште од времето на Крањоти, за кој имаме тазе анегдота и тоа во кафулето кое го посетува секоја недела, а во кое седевме ден после победата“.

Ѓоковиќ го доби најчудното барање за автограм

Ова ќе му дојде нешто како привремена тетоважа која уште на прво туширање ќе оди во историјата.

Голманот што прими чудесен гол од Интер е навивач на Интер

Интер продолжи со победничкиот марш. Во неделата го совладаа Фрозиноне 2:0 а еден од головите го даде бекот Федерико Димарко. Неверојатно ефектен погодок кој е најубав на колото во цела Европа.

Редок момент се случил на фудбал во Австралија

На мечот меѓу Западен Сиднеј и Перт Глори (2:0), домашниот играч Тејт Расел шутира со сета сила во противничкиот гол а таму зад линијата стои неговиот соиграч Брендон Борели. За нивна среќа голот бил признат.

Евроголот со ефе од Ирска во големо финале

Во бараж мечот за пласман во најдобрат ирска лига, Ватерфорд го победил Корк Сити со 2-1 после пресврт а најубавиот гол на месецот го постигнал Конор Парсонс.