Мангупскиот гол и фештата во режија на Икарди

Галатасарај ја запечати титулата број 24 во својата историја и тоа убедливо со 102 бода, 3 повеќе од Фенербахче. Мауро Икарди во елемент играчки и на терен и во диско.

Во последното коло од сезоната Галатасарај го доби Коњаспор на гости со 1:3, а Икарди постигна два гола од кои едниот за најавни шпици.

Аргентинецот ја одигра најефикасната сезона во кариерата со вкупно 32 гола од кои 25 во првенство и заврши како прв стрелец пред Един Џеко кој постигна 21.

Претходниот рекорд му беше во дресот на Интер кога во сезоната 2017/2018 постигна 29 гола на сите натпреварувања.

Ѕвездата на тимот кој пред две сезони пристигна од ПСЖ, беше главен за време на прославата на двојната круна. Минатиот месец Галатасарај го освои и Супер Купот откако го совлада Фенербахче со 3:0.

 

28 мај 2024 - 08:33