Величествен пречек на Свен Горан Ериксон на Олимпико во Рим

Легендарниот шведски стратег беше специјален гостин на последниот меч на Лацио за оваа сезона. Го пречекаа со сите нишани. 50.000 навивачи привлече најавата за неговото присуство.

76 годишниот Свен Горан Ериксон кој неодамна доби непосакувани докторски прогнози во врска со борбата со ракот, беше гостин на мечот Лацио - Сасуоло со кој римјаните ја завршија сезоната.

Доби пречек како вистинска легенда со која се врзани најголемите успеси во историјата на клубот.

Навивачите му подготвија кореографија со дресот од негово време, извадија пароли, му пееа песни, а му дадоа и благодарница на која му порачаа дека и тие се борат со него.

Пред стартот на мечот беа извадени стари дресови од легендарниот тим од златните времиња на Лацио, а подароци му даде и претседателот Клаудио Лотито.

Ериксон беше тренер на Лацио во периодот 1997-2001 во кој освои вкупно 7 трофеи: Скудето, Супер Куп на УЕФА, Куп на Куповите на победниците, како и по два Купови и Супер Купови на Италија.

„Standing ovation“ за Свен Горан Ериксон на Енфилд, Ливерпул му го исполни сонот

Врвно изненадување на легендите и навивачите на Лацио за Свен Горан Ериксон

 

27 мај 2024 - 14:19