Непалецот што 30 пати го качил Монт Еверест за светски рекорд

Непалскиот алпинист Ками Рита постави светски рекорд во број на искачувања на највисокиот врв на светот Монт Еверест кој го искачил абнормални 30 пати! Рита го држи рекордот од 2018-та и никој не му е ни близу.

Ками Рита од Непал има 54 години. Тој е професионален водич на Монт Еверест. А друго и не можел да бие: татко му бил еден од првите шерпи (традиционални хималајски водачи на страшните врвови) и еден од оние првите кои им помагал на алпинистите од целиот свет да се качат на врвот откако во 1950-та година на Еверест за првпат се качиле двајца странски планинари.

Најстариот брат на Ками, Лакпа Рита исто работи како водич, а на Монт Еверест се качил 17 пати!

Шепите имаат наследна, генетска адаптација на суровите услови и минусни температури затоа што тие живеат на околу 4.000 метри надморска висина. Затоа се незаменливи при качување во група кога вршат најтешка работа, пробиваат пат, местат јажиња, шатори и се останато.

Ками Рита во детство сакал друга судбина - намерувал да стане монах и некое време дури и поминал во локален манастир.

Ками првпат дошол во базниот камп на Монт Еверест (кампот е на висина од 5.364 метри над морето) на 12 години. Им помагал на брат му и татко му да носат опрема. Подоцна почнал да помага и во подготвувањето храна во логорот, а на 24 години првпат и самиот се качил на страшниот Монт Еверест.

 

Од 1994-та до 2017-та година Ками Рита дури 21 пат се качил на Монт Еверест водејќи разни експедиции. Дури тогаш сфатил дека го израмнил светскиот рекорд, односно дека станал само трет алпинист на светот кому дури 21 пат му пошло од рака да го качи Еверест.

Во тој момент другите двајца рекордери веќе ја завршиле кариерата, така што Ками останал единствен рекордер со можност да го надмине.

„Тогаш случајно го израмнив рекордот, немав таква намера, просто работев како водич“, рекол Ками Рита.

Но откако се објавило дека Непалецот е светски рекордер, се поголем станувал и интересот тој да направи подвиг и стане апсолутен рекордер кој ќе ги надмине тие 21 искачувања.

Од тогаш на Еверест почнал да се качува не само како водич, туку понекогаш и самостојно (во придружба понекогаш со еден-двајца алпинисти). Во мај 2019-та година се качил на врвот по 23-ти пат. Поставил нов рекорд.

После шест дена (на 21-ви мај 2019-та) повторно се качил на Еверест и тоа било 24-ти пат. Во следните три години по еднаш наизменично го освојувал страшниот врв. На 17-ти мај 2023-та се искачил по 27-ми пат во кариерата (тогаш го качувал виетнамскиот милијардер Чин Чу).

После пет дена Ками уште еднаш го качил Еверест, а годинава два пати го совладал врвот, на 12-ти и 22-ри мај.

Рекордниот 30-ти јубилеен подвиг на Ками Рита на највисокиот врв на светот Монт Еверест:

Дома назад во Катманду го пречекале свечено како херој:

„Неверојатно сум среќен што се вратив во Катманду после моето историско 30. искачување на врвот на светот. Ова достигнување ќе беше невозможно без непоколеблива поддршка и одобрение од моите најблиски луѓе во животот.

Моето семејство, другари и колеги: ви благодарам за срдечниот прием во татковината. Вашата постојана вера во мене ми беше најголема сила во текот на цело ова патешествие“, напишал Ками Рита.

Иако го носи прекарот „човек-Еверест“, не се сите негови подвизи и достигнувања поврзани само со највисокиот светски врв. Тој има дури 42 „осумилјадарки“: осум пати се качил на Чо-Оју (8.188 мндв), три пати на Манаслу (8.163 метри надморска висина), еднаш на Лоце (8.516 метри) и еднаш на К2 (втор највисок врв на светот со 8.614 метри) и најтежок, најсуров врв за качување.

Ками често пати ја критикувал политиката на Непал во однос на шерпите-водичи: „Ние сме познати во цел свет, многу странци не познаваат, но нашата држава не и е гајле“.

Тој признава дека дека не им дозволува на своите деца да се занимаваат како шерпи. Вели дека добро заработува ид ека е намерен на потомците да им овозможи добро образование за да децата се бават со нешто друго.

„Во свое време бевме катастрофално бедни, немавме други извори на заработка. Како резултат на тоа моравме да се качуваме на опасните врвови до ден-денес, додека не загинеме. Ние не смееме да ги подвгуваме нашите деца на тој ризик. Алпинизмот е како војна, понекогаш не знаеш дали ќе се вратиш назад“, искрено вели Ками Рита.

Во 2014-та година тој бил на Еверест кога во најстрашната епизода до тогаш, лавина однела 16 лица. Загинале пет души од групата на Рита, а тој се спасил.

Вели дека не планира да ја заврши кариерата. Ќе биде алпинист додека е во состојба да може да се качува.

„Му велам дека може да стане нешто друго, да најде друга работа, па и да отвори некој бизнис помал. Но не ме слуша“, му вели сопругата Лакпа Џангму.

КОИ ДРУГИ НЕПАЛЦИ СЕ РЕКОРДЕРИ?

Голем дел од рекордите по број на искачувања на Еверест им припаѓаат на Непалци, на локалните шерпи. Тоа и не чуди зошто тие цел живот го прават тоа.

Од алпинистите кои се од странство, односно не се Непалци, 49-годишниот Британец Кентон Кул на 12 мај 2024-та година се качил на Монт Еверест по 18-ти пат! Првпат се качил на кровот на светот во 2004-та година и од тогаш оди еднаш годишно. Кул исто работи како водич, неодамна тој водел експедиција за шефот на познатиот британски ланец супер маркети, Ричард Вокер.

Тој вели дека за него не значат рекордите ништо и дека се зачудил кога новинари му побарале интервју.

„Искрено да зборувам, нема ништо зачудувачки во тоа. Луѓето велат светски рекорд, но не е никаков светски рекорд. Просто така се случи токму јас често да се качувам на врвот“, рекол Кул.

Меѓу рекордерите е и рускиот 60-годишен легенарен алпинис Александар Абрамов кој дури 13 пати го качил Монт Еверест. Кај дамите, рекордот го држи 49-годишната Непалка Лакпе Шерпа која 10 пати направила подвиг и се качила на светскиот врв а јубилејниот десетти пат бил во мај 2022-ра година. Од жените од странство рекорд има Мелиса Арнот од САД со 6 искачувања.

Сите рекордери се на возраст од околу 50-ина години, а има и еден фрапантен случај кога Јапонецот Јоичиро Миура се качил на Еверест на свои 80 години и 224 дена! Тоа се случило во 2013-та година. Миура е жив ден-денес и има 91 година.

Тој прво на 70 години станал највозрасниот човек што се качил на Еверест, па рекордот го обновил на 75 години, но секојпат некој му го стигнувал рекордот додека не решил на 80 години да го освои врвот, иако поради здравствени проблеми не можел во целост самостојно да го качи врвот, туку го донеле во камп на 6.500 метри а оттаму со хеликоптер до самиот врв. И покрај тоа што тој рекорд се смета за официјален, алпинистите кон него се однесуваат скептички.

Најмладиот покорител на Монт Еверест е Американецот Џордан Ромеро кој во 2010-та година го освоил врвот на само 13 години и 10 месеци. Од тогаш Непал забранил искачување на Еверест на лица до 16 години. Ромеро го освоил врвот од тибетанска страна, иако и за него е тешко да се каже дека е рекордер затоа што во голема мера од патот го носеле шерпаси како патник.

28 мај 2024 - 11:02