Српската мега атракција може да стане првиот играч во историјата со нов рекорден договор од преку 400 милиони долари. Како?
НБА лигата потпиша нов договор за ТВ права вреден 7 милијарди долари и со тоа одлучи да воведе можност за зголемување на буџетот за плати.
Тоа значи дека клубовите ќе имаат можност да издвојат над 200 милиони долари за плати, а најдобриот играч во еден тим може да во првата сезона да добие 72 милиони долари.
Таа цифра би растела до последната петта година од договорот до 95 милиони долари.
Јокиќ пред две години потпиша договор од 264 милиони долари во времетраење од 5 години (2023 - 2028) и во секоја нова сезона платата му расте по 8%.
Тоа е всушност најголем договор во историјата на НБА. Но после оваа најава од НБА тој може да стане прв играч со договор од над 400 милиони.
Јокиќ е член на Денвер од 2015-та и беше избран за 41 пик на драфтот. Четири години по ред е прогласуван за МВП, три пати во регуларниот дел од сезоната (2021, 2022, 2024) и еднаш во финалето (2023).