По ланската голгота без спонзори, Вардарци на стадионот„Благој Истатов“ во Струмица триумфираше со 2:0 против најпријатното изненадување во втората лига, екипата на Детонит Плачковица од Радовиш.
Црвеноцрните доминираа во текот на првите 45 минути, а опстанокот го заверија Дејан Ѓуриќ и Лука Сушњара со голови во финишот од првото полувреме за конечна победа од 2:0.
Ова значи дека Вардар останува прволигаш каде следната сезона ќе бидат уште и Струга Трим Љум, Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Силекс, Работнички, Гостивар, АП Брера, Воска Спорт, како и новите прволигаши Пелистер и Беса.
Комити направија опсада во Струмица и приредија пиротехничко шоу, а на Фејсбук порачаа:
„Тифо диплома не се стекнува со пари, уплатница и такса, декан се Комити, бараат кодекс,теорија и пракса!“
Поддршка пред мечот пристигна и од Загреб