Луд и драматичен бараж во Германија - вакво нешто не се памети

Минатиот четврток во првиот меч од германскиот бараж, Бохум изгуби дома 0-3 од Фортуна Дизелдорф која глатко победи пред реваншот на свој терен. Се било спремно за голема прослава на пласман во Бундеслигата, прв после неколку години.

Пред речиси 54.000 гледачи на „Меркур Шпил Арена“ меѓу кои и стотина гостински од Бохум кои биле најверни и решиле да го поддржат тимот и покрај страшниот пораз на домашен терен.

Никој ниту на сон не очекувал дека може да се случи тоа што се случи.

Уште во 18’ минута Бохум поведе со 0-1 и тоа како да ги разбуди надежите кај гостите дека можат да направат чудо. На полувреме 0-1, а во вториот дел повторно Хофман во 66’ минута за 0-2 и огромна радост меѓу гостинските навивачи.

Фортуна Дизелдорф, која на крајот од сезоната заврши на трето место во втората Бундеслига, беше непрепознатлива. Ни тронка од екипата која пред само неколку дена го разби истиот Бохум.

Во 70-та минута гостите добија и пенал кој го искористи Штегер за 0-3 и надомест на огромната негатива. Мечот замина во продолженија каде немаше промена на резултатот па се изведуваа пенали.

Домашните го промашија првиот пенал. Но резервистот кај гостите, стоперот Ерхан Машовиќ кој во игра влезе во 99’ минута, го промаши својот пенал односно домашниот голман Флоријан Кастенмајер му го одбрани ударот и ја врати Фортуна Дизелдорф во живот во таа трета серија.

Потоа прецизни беа Јапонецот Такума Асано за Бохум како и Оберстдорф, Штогер и Циолис. Прецизно се изведуваа пенали сè до седмата серија кога Витек постигна гол за Бохум а домашниот фудбалер Учињо го промаши целиот гол и Бохум опстана во богатата Бундеслига.

28 мај 2024 - 08:30