Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Вимблдон веќе го има најјакиот поен на турнирот

Што се вели уште не почнат, најелитниот тениски турнир во светот веќе ни го носи поенот на турнирот и дефинитивно еден од најатрактивните во историјата на Вимблдон. Празникот во должина од 40 секунди ни го носи Лојд Харис од Јужна Африка, 91-ви на АТП. Ни доаѓа и ние во канцеларија да му станеме.

Фудбалска страст во Мароко препознаена во Германија

Некоја вест и од клупски фудбал, ретко видена. Но Германци се тоа. Прашајте ги Комити за навивачите на Шалке.

Статус на денот кој кратко и јасно го опишува Европското

Швајцарија до 92-ра имаше победа над Германија, а во осминафинале ја елиминираше Италија. Англија ја победи тенко Србија и се спаси во 95-та минута со Словачка. Франција е четвртфиналист со два автогола и пенал. Белгија загуби од Словачка и е веќе елиминирана, Грузија ја победи Португалија, која пак се извади со Словенија на пенали. Хрватска не победи никого, а во топ 8 се наоѓа Турција. Доволно е? Поранешниот македонски репрезентативец, Панче Ќумбев без филозофирање и со една реченица ги констатираше фактите на ЕП 2024.

Мертезакер со збор-два за шпанската игра

Шпанија е светска спортска империја. Нема спорт во кој не се при врвот. Така е и на актуелното Еуро2024 каде „црвената фурија“ покажа најмногу од сите. Играат неверојатно убав фудбал и се одвојуваат од сите други со својот стил. Некогашниот стопер на германската репрезентација и Арсенал, Пер Мертезакер во кратки црти ги опишува.

Австриските навивачи и рандом бабата

Симпатични сцени од Лајпциг забележани пред мечот меѓу Австрија и Турција. Австријците здогледуваат баба на балкон, ѝ мавтаат и сите во хор и скандираат да возврати на поздравот. Мисијата е успешна, забавата спонтана.

Големо турско славје во Скопје, цели улици блокирале

Победата на Турција против Австрија во осминафинале на големо се славеше во Турција, се разбира во Германија, но и во Македонија. Под стоковна куќа Мост не можело да се помине со кола.

Што означува гестот што го направи турскиот јунак Мерих Демирал?

Некогашниот стопер на Сасуоло, Јувентус и Аталанта, Мерих Демирал со два прекрасни гола со глава после корнери беше најзаслужен што Турција ја совлада Австрија 2-1 во 1/8 финале и се пласираше во 1/4 финале каде ја чека Холандија.

Нема поминување со коли, Турците слават четвртфинале

Не е секој ден Велигден селекција како Турција да се најде во топ 8 во Европа. Четвртфинале не видоа селекции како Италија и Хрватска. Плус знаејќи ја нивната страст за фудбал, сцениве се најнормални за досегашниот успех во Германија. Второто видео е од Келн.

Зарем ова е нормално после тазе оперирано колено?

Со триумф против Вит Коприва од 3:0, Новак Ѓоковиќ го стартуваше походот кон осмата титула на Вимблдон. Изјави дека е задоволен како играл и се движел. Како нема да биде задоволен. Гледајте го како клиза.

Овие се редари или дивјаци?

Не знаеме што правел навивачов за време на мечот меѓу Португалија и Словенија, само знаеме дека не курчи силеџиство, особено вакво кога пет души млатат еден. Што им е работа на овие, да исфрлат некој од стадион ако прави бељи или да се испразнат врз него?

Кога ќе речат треба да работи со психолог

Рускиот тенисер Андреј Рубљов попи шамар со 3:1 уште во првото коло на Вимблдон од дебитантот на турнирот Франсиско Комесана. Да видиме како го прими поразот.

Херојската интервенција на Гунок во 95-та минута со турски коментатор

Дефинитивно помалите репрезентации на ова ЕП одиграа поинтересен фудбал со поголема жар и борбеност. Денеска репрезентациите беа многу поконкретни во напад за разлика од некои манекени. Холандија имаше 24 удари кон гол, а на вториот дуел Австрија 21. Но победи Турција со двата гола на дефанзивецот Демирал и одличниот Мерт Гунок кој ја направија една од најјаките одбрани на турнирот и ја спаси звојата земја од продолженија.

Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.

Море Французите се добри на ова ЕП, претходното само со еден автогол го истуркале

Финалистот на двата последни Мундијали од кои едниот и го освои е непрепознатлив на Европското во Германија. Недопадливи, неатрактивни и посебно неефикасни и тоа со Мбапе, Гризман, Турам, Жиру, Дембеле.

Ед Ширан им пеел на увце

Англија е најголемо разочарување заедно со Франција и Италија на Еуро2024. Англичаните дојдоа со состав на „сите ѕвона“, грмеа на сите страни како се најјаки и први фаворити, ама во групна фаза едвај одиграа 1-1 со Данска, 0-0 со Словенија и 1-0 со Србија а во 1/8 финале буквално во последни секунди се спасија од пораз од Словачка. Поминаа понатаму со чиста среќа. Ден потоа во кампот им дошол Ед Ширан да им свири.

БиБиСи пред промашениот пенал: Мистиано Пеналдо

Кристијано Роналдо промаши пенал во судиско, но се извади во пенал серијата. Него како ќе се извади БиБиСи за гафов и чуму вакво нешто на медиумскиот гигант? Ова е муабет за на социјални мрежи, а они во пренос го акнале како кајрон.

Холанѓани си немале работа, па сред ноќ ѕвонеле во хотел кај Французите

Европско првенство секогаш носи добар фудбал (не и овојпат), забава, пиво и многу музика. Ама носи и полу-кретени кои за момент слава да се истакнат во прв ред, измислуваат разни глупости. Пример некои млади Холанѓани од некое локално радио решиле ноќта во 3 часот после полноќ пред мечот Холандија - Франција да ѕвонат во хотелот кај Французите на рецепција и да бараат да ги врзат со претседателот на фудбалската федерација на Франција. Човекот збунет.

Како Словенците пробаа да го деконцентрираат Роналдо?

Кристијано Роналдо и на 39 години покажува неверојатна посветеност и страст за голови и победи. Ова му е шесто Европско првенство во кариерата со што е апсолутен рекордер. Уште нема постигнато гол, синоќа имаше шанса од пенал во продолженијата но Јан Облак му го одбрани. При еден слободен удар словенечките навивачи зад голот му креваа еден познат дрес со цел да го провоцираат:

Го изнервираа Де Брујн на прес

Познатиот италијански новинар Танкреди Палмери му постави најстандарно и најрегулар прашање на капитенот на Белгија и ѕвезда на Манчестер Сити. Овој се изнервира без потреба, си отиде и го нарече глупав. А во право е новинарот, на сите имиња низ годиниве, до финале немаат стигнато.

Преносот на пеналите на португалско радио

Диого Коста е најголем јунак на 1/8 финалните натпревари. Стана првиот голман во историјата на Европските првенства што одбранил дури 3 пенали. Тој е најзаслужен што Португалија ја совлада Словенија на пенали и оди во четвртфинале на Еуро2024. За тие кои се затекнале во возило и кои сакале да слушаат радио пренос од пеналите, имало јака вожња.

Е боли кога ќе те удри воздухот, колку конци ти ставија?

Не сме воопшто среќни и задоволни со неефикасниов и кулкулантски фудбал на Европското на кој освен Шпанија и еве Германија, никој ништо не одигра од фаворитите и ѕвездите. Подобро да поминеа Словачка и Словенија. Од ваквите па дерман нема.

Шансата на Шешко кој го имаше четвртфиналето во раце

21 годишниот Бенџамин Шешко ќе беше херој на Словенија во 115 минута, а Пепе трагичар. Ама сè се сведува на тоа „ќе беше“. Херој сепак е Диого Коста кој прво му одбрани чист гол на напаѓачот на Лајпциг, а потоа им ги фати сите пенали на Словенците.

Скоро 900 гола има дадено, а плаче за промашен пенал

Кристијано Роналдо не престанува да изненадува со чудните постапки, гестови и потези, нетипични за толку популарен спортист пред крај на една мега успешна кариера. Во 105 минута не успеа да го совлада Облак од белата точка и за утката плачеше како да ќе го караат дома или како да е крај на светот.